За прстените кои треба да се направат, не е проблем, само ке треба добар мајстор да си најдеш.
За да видиш што колку и како ке добиеш или изгубиш, најдобро ке биде да си користиш калкулатор.
http://www.willtheyfit.com/Во полињата внеси ги оригиналните диманзии на гумите и бандашите, а во другото поле новите кои би сакал да ги ставиш.
Ке добиеш детална информација за се.
Имај во предвид дека помал офсет, бандашот е поисфрлен нанадвор, а со тоа ке имаш и поголемо оптоварување на лагерите и целата предница/задница.
Е сега има вредност која е во граници на толеранција и нема да има толку големо влијание, но мислам дека поголемо одстапување од 15 мм со тек на време може негативно да се одрази на погоре споменатите делови од колата.
Оставам тоа на поискусните да кажат.