Последна кола во која што се возев на 18ки беше ф30 и беше прилично удобна и тоа на наши патишта рачунај. Така да не верувам дека ќе ти смени многу во Имачка.
Абе да, ама сепак има премногу варијабли у игра. RR Phantom има 21“ тркала, ама вози на облаци и пеперутки

Помалце ќе се наруши удобноста со премин од 17-ки на 18-ки, отколку од стандарнда спирала на Eibach.
У секој случај, пошто бркаш изглед, на крај ќе завршиш со 18-ки или 19-ки и Eibach, така да земи било што
Можеби прво спуштање, па ќе ти текне понатака 19-ка да земеш, по пропис.
Не. Особено не за второто... Нема шанси да зиам 19ки, па уште па да ја спуштам после тоа. Скупи бандажи, скупи гуми, нула исплатливост. Уште спуштање ми фали на тоа ебаго...
Со пониска гума многу се нарушува удобноста. А со спирали (благо) пониски скоро ич. Поготово што со спиралите и се симнува тежиштето на колата што дополнително зголемува стабилност и комоција.
Спирали all the way.
И мене ми е тоа думата... Ем башка, мора да се согледа финансиски аспект, оти не ги сере магаре парите...
18ки бандажи и гуми се во просек околу 100 евра по бандаж, и помеѓу 60-100 евра по гума (зависи од гумите и избраната димензија нормално) поскапи од 17ки.
Ајбах се зимаат за околу 150 евра комплет, без монтажа.
Грубо земено, 17ки и спирали доаѓаат околу 800 евра без монтажа, додека 18ки тераат асолно над 1000че.