И јас исто така си викам да не коментирам, негов избор ќе си биде...Ама муабетов дека моторот 1.2 60КС на Пунто е задоволителен некако ми е нон-сенс, да не речам смешен. Пријател мој има такво Пунто и е крајно изфрустриран од него, чека малку да присобере пари и да се ослободи од запрежната кола. Претходно возеше Корса 1.4 и вели дека со Пунтото се осеќа ко да оди пеш.
Кога ќе ми текне колку спора беше мојата Фиеста 1.3 70КС и кога ќе размислам дека Пунтото е потешко и има забележително послаб мотор никако не ми иде да му кажам дека направил добар или разумен избор...
Од друга страна пак Астрата е поквалитетна, многу поопремена и има мотор кој и прилега на таа шасија. Во однос на Пунтото е авион во секоја можна споредба. Но небитно, секој си знае што е најдобро за неговите пари, а бидејќи бевме прашани ние нашето си го кажавме.