Вчера сфатив дека цела година и пол (2011/2012) сум свирел со светска легенда - Оскар Салас...старчево со наочари на сликава од Струмица фестивалот пред 2 години на кој настаpував и јас со латино џез составот во кој бев скоро 8 години.
Кубанец перкусионист, кој лично се познавал и свирел со најпознатиот кубански трубач Артуро Сандовал и заедно емигрирале во Америка откако Кастро дошол на власт. ( има филм за него со Енди Гарсиа во главна улога, го давале бар 5 пати на Сител 3).
Ама..она што не знаев е следното..вчера читајки ја книгата за Џако Пасториус стигнав до страна 139...
Не знаев Салас дека бил дел од ол стар биг бендот кој Пасториус го оформил во 80 тите за време на неговата соло кариера..
Енивеј, еве песна на која една од главните улоги ги има токму овој човек, свирејки тимбалес..
Its a small world we`re living in...