Еве малку апдејт после две години
Меганот си отиде, го трампав и доплатив за 2007 Seat Leon FR TFSI 2.0 со 200 кс и со DSG мењач.
Леонот беше топ опција, кола со 5 врати, спортска, со многу брз мењач и многу мала километража. Само 36000км.
Еве неколку слики
Се беше топ ама некако не правеше кеиф колата.
Дали бев премногу навикнат на меганот (кој во споредба со леонот се возеше како картинг) па оваа кола ми дојде некако премногу суптилна и премногу култивирана, не знам.
После неколку месеци и ставив чип Рево кај Амел, ама тој кеиф траеше еден месец и пак почна да ми станува досаден леонот.
Го огласив и никој не се јави, и таман кога воопшто заборавив дека имам пуштено оглас дојде правиот купец кој ја зема колата без ценкање.
Не можев да го одбијам иако немав најдено кола.
Бев решен да земам кола за кеиф, значи некое купе со заден погон, бидејќи цел живот возам хеџбег коли со преден погон.
Ама не успеав да го најдам баш тоа што го барав. Во игра ми беа Мазда RX8, S2000, и можда нисан 350Z.
Хондите ми беа прескапи, маздата ја возев и не ми направи кеиф како влече. А нисан не најдов.
И затоа се помирив со едно Audi TT од 2007
2.0 TFSI со 200 кс. Истиот мотор од леонот
)
Полу кожни седишта, и 64000км.