Автор Тема: Модификација на Радиокасетофон во MP3/WMA Player  (Прочитано 5619 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Модификација на Радиокасетофон во MP3/WMA Player
« на: 26 Февруари 2011, 23:33:58 pm »
По барање на дел од членовите на форумов решив да напишам едно мало туторијалче за тоа како може вашиот стар радиокасетофон да го претворите во MP3/WMA Player. Значи за да го направите се ова ке ви биде потребно пред се знаење од областа на електрониката, алат , малку креативност, желба и време...
Многу од нас немаат доволно финансиски средства за да купат ново цд за во кола и покрај тоа што во денешно време цената им е многу ниска...Но верувам дека сите скоро имаат телефон или некаков MP3/WMA Player, или пак iPhone, iPod итн да не набројувам...
Многу лесно секој телефон кој има плеер, а повеќето имаат многу лесно можат да се адаптираат и да се направат да бидат MP3/WMA Player-и. Се купуваат сллушалки од пазар, слушалките се одсекуваат, се монтира 3,5 мм стерео банана и ете MP3/WMA Player спремен да се збрца во некој 3,5 мм влез и да се слуша музика...
За што всушност станува збор во проектов така да го наречам...Станува збор за постари авто радио касетофони, кои на времето биле хит...Едниот од нив е Pioneer,  а другиот е Blaupunkt. Двата имаат можност за приклучување на некаков надворешен (AUX) приклучок, односно цд шаржер кој своевремено беше хит...Доколку нема можност за приклучување на цд шаржер постапката за модификација ке биде многу покомплицирана и ке бара многу повеќе познавање од електорника, па уште еден куп преправки итн, но бидејќи тоа е премногу комплицирано, тоа во овој случај нема да се прави...
За секој различен модел на радиокасетофон, постои и одредена електрична шема која е потребна за да се најде влезот. Обично за приклучување на шаржерите за секој производител постојат одредени типови на конектори кој се компатибилни само за тој производител...Исто важи и за каблите кои се користат...Распоредот на жиците исто така е различен...Затоа и нагласувам дека доколку немате електрчна шема за да го пронајдете влезот, може да го спржите касетофонот...Односно доколку немате малку повеќе од основно познавање на електроника не чачкајте...Но и да спржите радиокасетофон во денешно време нема многу штета да направите...Како и да е да поминеме на главното...
Првиот касетофон е Pioneer кој преку Source дугмето има можност да менува касета, радио или надворешен влез...





Најпрво треба се да се расклопи...Расклопувањето е едноставно...Прво се расклопуваат горниот капак, предната пластика на која лежи маската, се вадат штрафчињата кои го држат металното тенеќе кое служи да го лади засилувачот, се вади електронската плоча и се пристапува кон процесот на пронаоѓање на контактите на кои ке треба да се залемат жици на кои подоцна ке се монтира женски 3,5 мм пин.



Кога ке работите со леткумот внимавајте да не направите спој...Многу е важно да се залемат жиците на вистинските точки од плочата...Секој чекор проверувајте го два пати...Исто така е многу важно кога ке ја враќате плочата назад во куќиштето да внимавате некаде да не ги прецвикате жиците...Може да се направи спој од кој не само може да ви изгори радиото него може да направите и поголема штета на самото возило...
Одкако ке бидете сигурни дека плочата сте ја вратиле во куќиштето од радиото, и сте ја направиле целата постапка обратна од онаа при растурањето и сте сигурни дека е се како што треба, залемете го женското џекче на ќиците...Овие жици не се обични, туку се ширмувани, т.е ова е стерео кабел за пинови, односно за пренос на сигнал... Доколку залемите обични жици ке добиете одвратен звук проследен со м ногу брум и деформации, кој може да предизвикаат несакани последици...
Приклучете го радиото на извор на напојување од 12 волти, закачете звучник за да може да проверите што всушност сте направиле и дали ви се исплател трудот и маката :)
Доколку е се Ок би требале да добиете звук...Во мојот случај тоа испадна одлично...На Pioneer-чето има можност и да го смениш името на влезот, па така да ја си го крстив по телефончето на кое го пробуваф...



Друга добра и интересна работа кај овие постари модели на касетофони е тоа што они користат и конвенционални сијалички за да се осветлат дисплејот и копчињата па така да има можност и за промена на осветлувањето во зависност од тоа како свети ентериерот во автомобилот...

Кога станува збор за преправка на Blaupunkt-от, постапката е сосема идентична. Наоѓање електрична шема, читање на шемата, расклопување, лемење, монтирање, склопување и порверка...



Единствената разлика е во тоа што кај овој модел на радиокасетофон наместо кабли кои висат на кој има монтирано 3,5 мм џек, тука џекот е монтиран на самото куќиште, а потоа со продолжен кабел со 3,5 мм џекови се врши вклучување на некој екстерен уред.



Вака изгледаат рутирани каблите во самото радио како не би пречеле:



Поставеноста на џекчето на самото куќиште на радиото:



Приклучувањето на џекот е на овој начин:



И нормално на крајот проверка на начин кој беше претходно опишан:



Се надевам дека ако ништо повеќе барем ви дадов идеја како да си најдете занимација доколку имате слободно време  ;D
Ако нешто не ви е јасно, прашајте, што може ке се помогне...
За детални шеми ке треба самите да се потрудите со помош на Google  ;D
Поздрав и успех во работата.

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Модификација на Радиокасетофон во MP3/WMA Player
« Одговори #1 на: 27 Февруари 2011, 15:56:41 pm »
Респек! Интересно... дефинитивно би пробал :)
Блиц питање... Дали и колку е препорачливо електроника да ставаш на ваква подлога? Нешто електрицитети чуда, не праат проблем?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Модификација на Радиокасетофон во MP3/WMA Player
« Одговори #2 на: 27 Февруари 2011, 16:07:31 pm »
99% нема ништо да ти се деси, но тие 1% кој остануваат можат многу скапо да те коштаат...
У принцип користам антистатик подлога и врист само коа има потреба...Со вакви играчки коа си играм не ми се исплати да ги упропастувам двете работи :) поскапи се од касетофоните :)
На дел од апаратите кои можеш да ги спржиш обично има знакче, но не и на овие работи...Фала богу до сега не сум имал проблеми, или евентуално еднаш, два пати коа не сум пазел :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Модификација на Радиокасетофон во MP3/WMA Player
« Одговори #3 на: 27 Февруари 2011, 23:08:31 pm »
Ej koa go spomna Blaupunkt, kazi mi da ne znaes kaj mozam da najdam plocka, od model na Blaupunkt koj se vgraduvaat fabricki vo Chevrolet Kalos... da ne idam do garaza da ja slikam starata unistena plocka, ke pobaram da najdam sliki na google...

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Модификација на Радиокасетофон во MP3/WMA Player
« Одговори #4 на: 27 Февруари 2011, 23:18:18 pm »
Eve kolku se gleda ne znam... ama mi treba vakva plocka... dali ima, ili kaj da najdam... radioto e top... nego lopovi probale da go kradat, pa... ne znam brcale pravele neso, i ja imaat osteteno plockata...

[датотека избришана од администраторот]

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Модификација на Радиокасетофон во MP3/WMA Player
« Одговори #5 на: 27 Февруари 2011, 23:30:21 pm »
Што е оштетено на плочката? Дисплејот? Или нешто друго? Евентуално да провериш за нова у БТ електроника...Знам они имаа едно време резервни плочки за неколку модели на Сони, Кларион, Пионир...Можно е да имаат нешто и за Плава Тачка...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Модификација на Радиокасетофон во MP3/WMA Player
« Одговори #6 на: 28 Февруари 2011, 00:36:40 am »
znaes sto e oshteteno... znaci... ne sveti displeot, tvoa e edna rabota i ako e plockata stavena na radiot znae nekad samo po sebe da se zapali radioto i da sviri...

jas go rasturiv pred nekoe vreme, bese odvoena plockata imase puknato vnatre nekoj zhleb... i ja skolopiv... ja stegnav... ama ti vikam displeot ne raboti i samo se pusta radioto

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Модификација на Радиокасетофон во MP3/WMA Player
« Одговори #7 на: 28 Февруари 2011, 00:58:49 am »
имам едно прашање, лаик сум за овие работи, но зошто телефонот или мп3 плеерот да не се приклучат на веќе постоечките aux влезови без да се прават овие модификации или во случај да нема aux влез да се искористат адаптерите кои од едниот крај имаат 3.5 мм џекџе, а од другиот крај изгледаат како класична аудио касета, мислам на овие


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Модификација на Радиокасетофон во MP3/WMA Player
« Одговори #8 на: 28 Февруари 2011, 03:54:07 am »
У принцип, ако имаш влез за екстерен уред, скокни ја темава, пошто нема да ти има поента :)
А ова со касеткава, е сасвим солидна опција (ако сеуште постои во продажба), ако нејќеш да си ги прљаш рацете со електроники :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Модификација на Радиокасетофон во MP3/WMA Player
« Одговори #9 на: 28 Февруари 2011, 08:11:25 am »
@Dean
Доколку уредот има приклучок за надворешен односно екстерен уред, постој адаптер со кој без никаква модфикација и многу културно можеш да си закачиш било што.
На пример:
На времето адаптерот за Pioneer  тешко се наоѓаше, + требаше да се чека минимум 30 дена и цената му беше околу 100 евра...Денес може тој ист адаптер да се најде и за по цена од неколку десетина долари, а и има можност да се порача преку нет, а тогаш немаше можност за такво нешто...Незнам и денес цената која е овде кај нас, мислам дека не е испод 50 евра...



За Блаупунктот и не сум прашувал, бидејќи не верувам дека нешто поразлична цена би добил...
Така да овој зафат го имам правено пред 3 години, па сеа само го елаборирав бидејќи сепак ако дадеш 50 евра за адаптер и 50 евра ти вреди касетофонот, од економски гледна точка е тоа неисплатливо да го направиш, но доколку вложиш 200 -300 денари и имаш искуство со електроника можеш се ова сам да си го средиш.

Касетата е исто така решение кое се користеше многу многу одамна, да речам 15 години кога и го купив пионерчево и само така имав можност да слушам цд-а во кола. Односно така го приклучував дискменот бидејќи тогаш не бев толку спретен со електрониката, тешко се наоѓаа електронски шеми а и не сакав да експериментирам со 475 марки колку што беше купен касетофонот.  ;D
За разлика од директниот влез кој се приклучува на џекот, звукот преку касета е на полошо ниво. + Ова решение е многу поелегантно  ;)

@velestrumf
Ако имаш стандарден влез нормално дека нема потреба да се замараш, но на времето ретко кој уред имаше 3.5 мм влез. Сите имаа влезови за шаржер кој беше единствен за секој производител и не беше компатибилен.

@сите членови
Доколку не ви се прават вакви работи, во тој случај наједноставно решение ви е ова:
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?pid=11328

Јес да звукот е тиња, но е наједноставно решение. Можам да кажам дека по квалитет е барем 30% полош од мојот применет метод.

Како и да е, сепак ова е модификација "НАПРАВИ САМ" која мене искрено многу повеќе ми се допаѓа одколку купување на некој таков уред  ;D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Модификација на Радиокасетофон во MP3/WMA Player
« Одговори #10 на: 28 Февруари 2011, 18:07:40 pm »
кога ја купивме фелицијата 1996 година, знам ставивме едно никакво радио First, после една година откажа касетофонот и радиото фаќаше фреквенции од 95 до 100 мегахерци :), ама позитивно беше што имаше aux влез и на него со обичен кабел 3.5 на rca, прво си поврзав дискмен па кога излегоа и мп3 плеер. Супер си функционираше, единствено ме нервираше што не можев никако да ги средам каблите. Инаку во поглед на квалитет звукот беше одличен. Кога го купив клиото во 2001 година, сеуште цд плеери за во кола беа сон за мене и останав со радиото што беше во колата Philips касетофон, и на него слушав музика со адаптерот касета и можам да потврдам звукот беше доста лош и често губеше контакт, моментално тоа радио ми е во кангуто и користам фм модулатор. Заклучок, сите методи сум ги пробал што ги спомна освен овој направи сам :), а за него тешко не сум поткован со знаење од електроника, на моја жалост пошто тоа многу ме интересира.

Отсутен DOG SECURITY

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 530
  • CAR AUDIO SPECIALISTS
    • www.dogsecurity.mk
Одг: Модификација на Радиокасетофон во MP3/WMA Player
« Одговори #11 на: 02 Март 2011, 20:17:07 pm »
Pozdrav  za site korisni informacii...Bravo momci
www.dogsecurity.mk
Ул.Борис Трајковски бр.132
02/2461-110
070/380-242
078/402-204
www.facebook.com/dogs.mk
contact@dogsecurity.mk

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Модификација на Радиокасетофон во MP3/WMA Player
« Одговори #12 на: 09 Март 2011, 23:11:26 pm »
Ова истотo го направив и јас на радокасетофонот во мојата астра. И моето оригинално радио нема аукс влез. На овој начин ми останаа командите на волан и целосната функција на дисплејот и плус заштедив 100Е колку што ми бараа за оригинално радио з астра со цд. Па за 100Е се купва салам радио :)
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!