Автор Тема: Suzuki SuperCarry 1.0  (Прочитано 12709 пати)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Suzuki SuperCarry 1.0
« на: 14 Април 2012, 17:11:42 pm »
Suzuki Carry 1.0 сите така го знаат ама во сообраќајна се води како Suzuki VluaVan
Значи има 46kw и 63 коњски сили 1994 произведено прва регистрација 1998 со поминати 69500км
од опрема има:централно заклучување со аларм,радио со цд,греач на задно стакло,плин ловато (ставен пред една недела)
Тежина:740kg
Носивост:880kg
Максимална брзина:140km/h
0-100: околу 14sec
Досега немало никаков проблем со него....

Еве некоја слика


Зимоска (малце матна)




« Последно менување: 11 Октомври 2012, 19:46:20 pm .::Suzuki::. »

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2202
Одг: Suzuki Carry 1.0
« Одговори #1 на: 14 Април 2012, 19:04:24 pm »
Интересно превозно средство имаш,имам видено неколку вакви со доста километри.
Добре дојде на форумот.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен bobi010

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 448
Одг: Suzuki Carry 1.0
« Одговори #2 на: 14 Април 2012, 19:09:59 pm »
Моторот под седиштата ли му е ? Имам возено исузу миди кога ќе загрее не се седи ахахах

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Suzuki Carry 1.0
« Одговори #3 на: 14 Април 2012, 19:20:51 pm »
Повише носи отколку што тежи :) Добре дојде во карклуб ;)
>>>>><<<<<

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Suzuki Carry 1.0
« Одговори #4 на: 14 Април 2012, 19:29:18 pm »
Добро ве најдов сите.. :)

Интересно превозно средство имаш,имам видено неколку вакви со доста километри.
Добре дојде на форумот.
Па да интересно е и несекојдневно во Кичево има само 3...

Моторот под седиштата ли му е ? Имам возено исузу миди кога ќе загрее не се седи ахахах
Да моторот му е под седиште... ама кај мене не се затоплува ич седиштето, има некоја добра изолација

Повише носи отколку што тежи :) Добре дојде во карклуб ;)
И тоа му е добра карактеристика.. Повеќе носи од него што тежи ама тежи само 750кг заради тоа е доста стартно ...


Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Suzuki Carry 1.0
« Одговори #5 на: 14 Април 2012, 19:35:22 pm »
Добредојде ;)

Какво е чуството да го возиш ова ?
Има  страв од превртување ? :S

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Suzuki Carry 1.0
« Одговори #6 на: 14 Април 2012, 19:45:55 pm »
Добредојде ;)

Какво е чуството да го возиш ова ?
Има  страв од превртување ? :S
Чуството е многу добро многу е стартно, е сега вкривина ако влагаш со повисока брзина многу се накривува од вака | на вака /...  а тоа е поради што е високо,лесно и  има многу мали гуми ... Единствен спас од ова е ова http://www.oldschool.co.nz/phpbb/viewtopic.php?f=17&t=12712&view=previous поголеми бандажи, ама многу работа има...
Да спомнам дека во скоро секоја кривина пооштра со помала брзина кога влагаш чкрипат гумите а ако дадеш малце повеќе туража многу лесно шлајфуваат колцата пошто е задна влеча а назад нема никаква тежина...

Отсутен Schmitt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1815
Одг: Suzuki Carry 1.0
« Одговори #7 на: 14 Април 2012, 20:00:26 pm »
Добредојде :)

Never drive faster than your Angels can fly.

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: Suzuki Carry 1.0
« Одговори #8 на: 14 Април 2012, 20:01:16 pm »
ludo e kombevo !!!! imam u komsii edno

Отсутен bobi010

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 448
Одг: Suzuki Carry 1.0
« Одговори #9 на: 14 Април 2012, 20:01:53 pm »
Гледам сега по нетов овие ги има и со турбо :)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Suzuki Carry 1.0
« Одговори #10 на: 14 Април 2012, 20:09:12 pm »
Добредојде :)

Појако нешто од клипов немам видено...
 имаат многу јаки кочници.. кога го земавме дојде тетинми кој има фиат пунто (бес абс) и го пробува вели добри кочници се овие абеесов...

ludo e kombevo !!!! imam u komsii edno
Знам...

Гледам сега по нетов овие ги има и со турбо :)
Ова и вака си е доста брзо а не пак со турбо... Со турбо ќе треба да мењаваш на секои 2 недели нови гуми... јас и онака ги мењавам на секоја година многу брзо ги кине, мало кочење и гумата одма чкрипи или со малце појака туража да тргнеш одма шлајфува...
« Последно менување: 04 Јуни 2012, 14:46:06 pm .::Suzuki::. »

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Suzuki Carry 1.0
« Одговори #11 на: 15 Април 2012, 00:17:28 am »
многу ми се интересни овие комбенцња, како во тетрапак да се возиш :), ама пак се многу практични и одлична носивост имале.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Suzuki Carry 1.0
« Одговори #12 на: 15 Април 2012, 09:13:41 am »
многу ми се интересни овие комбенцња, како во тетрапак да се возиш :), ама пак се многу практични и одлична носивост имале.
Па и мене прво ми беше многу чудно... од сите страни е само плек и само 2/3 ступчиња од страните колку да го држат кровот

Сакав да ве прашам како се вика тоа на комбево има пумпа за бензин, кога ќе дадеш контакт и треба да почекаш неколку секунди (додека чекаш нешто чучка,како да тропка)и после си го палиш...
Ви зборувам за ова на 1:03 (кај мене малце потивко чучка)а на 2:15 се гледа и моторчето...


« Последно менување: 15 Април 2012, 09:45:40 am toni.suzuki »

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7783
  • Плинаш!!!
Одг: Suzuki Carry 1.0
« Одговори #13 на: 16 Април 2012, 00:22:51 am »
Интересно комбенце, баш како тертрапак млеко е. Во секој случај многу практично за низ град.

Твоево комбе е прво на форумов ако не се лажам.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Suzuki Carry 1.0
« Одговори #14 на: 16 Април 2012, 00:40:30 am »
Интересно комбенце, баш како тертрапак млеко е. Во секој случај многу практично за низ град.

Твоево комбе е прво на форумов ако не се лажам.
Изгледа прво ќе да е... него заборавив да пишам дека има и клупа од позади се монтира при потреба на 4 штрафа стои така да лесно се вади и се става....