Кога станува збор за хотхеч не гледам зошто перформансите на забрзување би биле воопшто битни. Битно е хот, битно има 200кс+, спортско подвозје, седишта, разни електроники за помош и слично. Сите тие хот-хечови се Halo cars на своите модели и се наменети за љубителите на марката и моделот според мене, башка и за курчење. Така да надворешниот фраерски изглед, ентериерот и опциите што доаѓаат со колата се најбитни.
Така да од разбирливи причини јас би избрал прво Астра, Потоа ГТИ. 135-ката, Фокусот и Меганот не би ги погледнал воопшто. Немам една причина зошто. Тоа што BMW-то е најбрзо ич не ми е битно. Фокусот и Меганот со ништо не ме привлекуваат. Астрата и Голфот од друга страна се нешто што сум поседувал, кон кого сум приврзан, сум имал фантазии и слично па затоа и изборот што би го направил е јасен. Бушавиот сигурно би избрам Меган, Гегелиецот би избрал Фокус, Мечето би избрал 135-ка без разлика на перформансите.