И јас да се пофалам, го имам за користење Lavor Galaxy 160, 2500w, 510 l/h и со 160 бари притисок. И да, има и 8 метарско црево. Околу 9500 од Алфи Техноцентар. Кај симпекс ( увозникот), истиот е 13700.
Доста моќен уред, поготово ако ширината на млазот е близу до минимум, корне. Очекував дека е послаб, но ме изненади.
Канистерчето за пена, исто доста солидно запенува, ќе ми треба само препорака за добро средство за перење, а исто и за добар конектор ( што се става на цревото за да се спои со влезот на вапот) тој што го земав не чини, и од притисокот излегува понекогаш цревото од вапот.