Еве уште еднаш да ги искритикувам т.н. "пумпи" што ги продаваат во Еуростил.
Некој може ќе се сети дека пред година и кусур, стаив фотка кај што се гледа како целата пумпа се свитка после две нагазувања. Ја однесов во Еуростил да им ја покажам, они ми ја сменија со друга. Не ми беше тоа поентата ако океј, фин гест од нив како и да е.
Ова е заменската пумпа, која не била извадена од кутија повеќе од 5 пати:


Цревото е комплет цвикнато и искинато, непосредно пред мерачот.
"Идеална за возила и велосипеди"... Ерм, не, ни за едното, ни за другото. Избегавајте ги по секоја цена.