Супер шампон е овој Сонаксков погоре, го користам веќе подолго време. Само ич пена не прави. Сакам сега да го пробам тој ред самер да видиме што толку го фалат 
Аууу, ќе бидеш многу, многу пријатно изненаден. Што од количината на пената што ја прави, што од моќта за отстранување на секакви нечистотии без речиси никаков напор, што од мирисот.. Еве, јас лично, од кога го купив, едвај чекам да дојде време за да ја исперам колата, само заради овие работи, со акцент на прекрасниот мирис.
Инвестирај 300 денари, нема да зажалиш. Всушност, во Хубо беше 270, ако не се лажам..
Магацинот како што ги разбрав им е карши Бриколаж.
Каде поточно се наоѓа ова Бриколаж, ако не му е тешко некој да ми објасни..?