не е ни свекица ни филтерчето за бензин... карбурацијата е... се стопли времето и треба да се прештелова карбураторот на сооднос бензин-воздух... ГАРАНТИРАМ.... се је*авам ја со кинеските скутерчиња веке 5 и нешто години... еднаш ке го средиш на пролет у јуни ке те зеза карбураторот...
и уште нешто СЕАТ... кога век ек отвараш за филтерчето да го провериш, види ја гумената грана што излага од карбуратор во мотор што влегува... тоа е нешто како една бебешка тупаница, црна гума е и е под агол од 90 степени... убаво провери ја кај штрафовите што се стега за на машината... ако има напукнатини, ете ти го проблемот за трокирањето... ти влече фалш ваздух... решењето е од 350 до 550 денари, зависи кој тип на грана ја имаш...
за да нема утки никакви, ја вадиш таа и со нејзе идеш у продавница... за вадење се тие 2 штрафа што ги гледаш, (со клуч 8 или 10 зависи кој модел) и со крстач ја олабавуваш стегата од карбураторот... го извлекуваш карбураторот, внимавај на некои цревца нај често ги има на нејзе закачени едно или две, тоа се вакуми неопходни и многу битни. затоа и граната мора да биде баш таква каква што е твојата... не прифакај комбинации, нема да можеш после да го наштеловаш да работи како што треба