а како информациа за Гојдо секој мотор што кошта над 2500е. нов потрошувачката му е Х2.
Ова нешто како априли-лили? Или сериозно си мислиш дека нов, современ и квалитетен мотор (кој е над 2500 евра за скутерче од 50cc) троши повеќе(и тоа ДУПЛО

) од старо, ефтино кинеско срање со копија на мотор кој бил актуелен пред четврт век?
Само едно ме интересира Дали луѓево што се против кинеските скутери се против поради лично искуство или од чаршиски муабети, па од таму да се пати од комплекс на пониска вредност па по секоја цена да се има нешто со звучно име па макар би било и некој крш
Нема потреба од стереотипи „луѓето кои се против“ или „луѓето кои се за“. Секој си има свое мислење, а дали е тоа објективно и издржано е сосема друг муабет.
Конкретно, ако ме прашаш мене, јас сум против КИНЕСКО СРАЊЕ! Но не и против ДОКАЖАНИ КИНЕСКИ мотори кои веќе се етаблирани и се продаваат во Европа. Како што спомнав еднаш или два пати на темава, такви се Kymco, Keeway, SIM. А такви не се срањата ко Hamachi и сите нивни модели кои се наоѓат под секакви измишљотини од имиња на пример JohnwayItalia, Centar, Fragran и сл.
Што се однесува до личното искуство, конретно пред 4-5 години купив срање JohnwayItalia кои ги увезуваше фирма од Штип (тогаш под името CENTAR, сега под името HAMACHI) со копија на изглед од Honda Reflex и копија на мотор од Honda Helix 244cc 1990 година произведен под лиценса од CF-MOTO со водено ладење. Го платив 1600 евра и дадов уште 250 евра за нови плочки, гуми, ретровизори, претапацирање на седиште, рачки. Значи вкупно 1850 евра. Не извозев ни 5000km и го продадов, а за тоа време окапав по ајдучки „овластен“ сервис кај хокштаплерот во Ќерамидница (му го заборавив прекарот како му беше, а му го научив бидејќи 100 пати бев таму). Ми сменија:
- 2 пати пумпа за гориво
- термостат
- панцир црево за предна кочница
- панцир црево за задна кочница
- рачка за кочење
- CDI
- карбуратор
- брава
- сајла за затварање на седиште
Пола работи си ги платив од џеб: рачка за кочење, CDI, карбуратор, брава и сајла за затварање на седиште. Ме коштаа 150 евра. Другите под гаранција, ама која е*ана гаранција кога срањето ме оставаше неколку пати џенем у п*чку матер. Па туркај го, па врзувај го, па шлепај го...
Покрај овие срања, ми се десија уште 100 други дефектчиња, почнувајќи од кршење на никаквите пластики, олабавување на жабици, тресење, тропкање, кинење на усисно црево од филтер до карбуратор, кршење на кутијата за филтер за воздух од вибрации. Па кинење на грло меѓу карбуратор и мотор, кое шупците увозници го немаа како резервен дел и морав да си го нарачам од e-bay (нарачав две, едното ми остана во гаража за спомен). И уште какви не проблеми со тоа кинеско гомно. Повеќе време поминав во крпење одошто во возење.
2 години скапуваше во гаража без да сакам да го погледнам, едноставно го отпишав дека постои како вредност. Лани ова време под итно ми требаа повеќе пари па распродадов се и сешто, меѓудругото и гомното успеав да го продадам и тоа за неверојатни 600 евра. Ги рачунав ко некој да ме почастил толку пари бидејќи не вреди ебано евро. За ова гомно зборам:


