Јас кога полагав, полукружното беше со 5 пати.
-Прв потег, застануваш што е можно подесно, полн лев и идеш со предно лево тркало нешто пред лентата од лева страна.
-Втор потег, моташ полн десен, се вракаш во рикверц, со задно лево застануваш на нешто помалку од 1 метар растојание од лентата позади тебе ради тоа што задно десно ти е поблиску до линијата.
-Трет потег, моташ полн лев, се поместуваш само 1 метро нанапред.
-Четврти потег, моташ десен, се вракаш во рикверц, овој пат со задно лево можеш да идеш поблиску до линијата пошто овој пат тоа ти е поблиску до линијата позади тебе.
-Петти потег, моташ лево и испагаш.
Вака ја полагав, вака ме обучи инструкторот, вака сите полагавме дента кога и ја полагав град и полигон.