За да престанете да бидете возачи почетници, мора да ги имате исполнето и 2-та услови, односно да навршите 21 година живот и да поминат 2 години од издавањето на возачката дозвола.
Јас на пример сега летово во јули ке наполнам 21 година, но ке почекам до 29 септември кога ми истекува периодот од 2 години од издавањето на возачката дозвола.
А посебна приказна во ова со 11 саат, 75 kw е во тоа што доколку немаш возачка и те фати полиција како возиш без возачка, еве да речеме и после 11 саат, 300 евра казна, одиш на полагање, полагаш, те фака полиција после 11 саат, 400 евра казна.
Логика некој да објасни ? Кој повеке загрозува, оној што колку толку се обучил во автошкола, одел на полагање пред комисија или оној кој е научен од дедому да вози на заставата распадната ?