2fast4you
Се согласувам со тебе дека претежно ова се фрлени пари, ама јебига мерак. До сега 10 души, со тјунерско искуство ми го рекоа истото.
Можда за некое време ќе ставам поголем мотор 2.3 122kW, кој е компатибилен со овој кој го имам сега, па дел од инвестициите сепак ќе останат.
Што се однесува до моторот, не е чепкан, ама со амбииции сум да го чепкам (кога нема ѓаолот работа си ги е*ел децата). Има само K&N i57N печурка, на која неделава ќе и направам кутија. Сакам да и направам некои модификации на издувот, т.е. да го мафнам катализаторот, да зголемам малку пресек на цевката после среден лонец и да сменам заден лонец со спортски. Пред извесно време пробав чип-тјунинг ама беше залудно, немаше ефект. Ќе пробам можеби и друг тјунинг, доколку најдам позитивен фидбек од паталци.
За продавање, нема да ја продадам. Здравје, да го решам стамбеното прашање оваа година или две, па ако продолжи до тогаш да ме држи еуфоријава ќе си земам некое бесно аутце со некоја љута турбо машина за ку*ташак.
Сега би сакал да направам некои помали, т.е. поефтини зафати и малку да ги појачам перформансите на ова возило. Дизни не менувам, пошто нема да има ефект, плус истите дизни се и во појакиот 2.0 мотор, така да најверојатно нема да добијам ништо од поголема дизна.
Не знам колкав зфат е полирање на главата и колку ќе ме чини. Исто ме интересира што би добил од т.н. брза брегаста (fast road camshaft), колку ќе ме кошта и каде да ја најдам.