Овој дефект спорадично се појавува на НР лаптопите без никакво логично објаснување...Затоа и НР воопшто не ги сакам...Тој бренд изгоре највеќе со матичните плочи...Тоа со батеријата ти се случило сосема случајно...Освен ако не си направил ти некаков мајмунлак додека си ја извадил и вратил батеријата...Друго објаснување нема...
Колку си само во право за матичните не си ни свесен.
Многу неспани ноќи сум потрошил додека не дојдов до еден конечен заклучок...А тоа е дека изгубеното време потрошено на овие матични е многу поскапо него сите матични заедно што вредат...
Незнам зошто но секогаш дефект се случувало на лаптопите од производство на НР. Не дека други не сркале, али дефинитивно на 10 од НР доаѓала матична од друг бренд...
+ Сакам да напоменам дека сервис на матична плоча освен во овластен сервис или пак во центар за репарирање не признавам.
90% од матичните се дефектни заради проблемот со лошо ладење, односно претерано греење на одредени делови на матичните. Најчесто тоа е графичкиот чип или чипсетот. Што прават нашиве сервиси???
Ке ги дувнат со лемна станица, односно леткум на топол воздух, проблемот да се среди е 50:50, и ако успее ке ти кажат еден куп гачки и прикаски...За не повеќе од 2 до 3 месеци повторно исто...И повторно истите нервози...Како прво немаат по сервисиве толку скапи лемни станици за да извршат таков зафат на SMD чипови...Најдобрата лемна станица која ја имав видено до пред некое време, неколку години, беше во сервисот на македонски телеком, каде што требаше да почнам со работа...Но заради тоа што не сакав да се уназадувам решив да заминам и да се префрлам на скроз друга проблематика...Значи тоа они што го работеа со DENON лемната станица, јас го работев со обичен леткум, а лемната јакористев за чипови кои имаа преку 60 ножиња...Они не ни знаеа дека тоа таа го може...Небитно...
Можеби во ова време има некои јаки момци што донеле некоја си опрема, но додека не ја видам, не верувам на ништо, поготово не дека некој сменил графички чип или чипсет кој е залепен на матична со таканаречени ролни...
Фала на вниманието