На секое можно место каде се бара корисничко име сум потпишан kimi makedonski
Кими воопшто не е од Раиконен иако сите така мислат. Кими всушност потекнува од основно уште кога баравме кој како да викаме и обично по презимето но мене не ми се допадна така и испаднаа првите две букви од името и првите две од презимето. KIril MIcev.
Потоа почнав да играм икариам некаде во средно на балкански сервер па додадов прво мкд за да се знае дека сум од македонија а подоцна мкд мутираше во македонски. И од 2008 година некаде kimi makedonski е стандардизирано според ISO 9001:2000, ISO 14001:2004 и уште неколку меѓународно признаени и прифатени нормативи и регулативи.
