Автор Тема: Renault Megane 1.5 Dci 130 GT-Line  (Прочитано 100516 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 130 GT-Line
« Одговори #750 на: 28 Април 2014, 03:13:48 am »
Каде е ова?

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 130 GT-Line
« Одговори #751 на: 28 Април 2014, 03:22:11 am »
Мислам дека е св. Пантелејмон, патот Нерези - Средно Водно ??? Може и грешам.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Re: Renault Megane 1.5 Dci 130 GT-Line
« Одговори #752 на: 28 Април 2014, 08:16:18 am »
Ne gresis!

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 130 GT-Line
« Одговори #753 на: 13 Мај 2014, 00:31:52 am »
Се погодија сликиве за мала споредба :)

                                                                                        2013



                                                                                        2014
 

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 130 GT-Line
« Одговори #754 на: 13 Мај 2014, 00:32:56 am »
Прекрасно!

Отсутен Sarach

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
Одг:
« Одговори #755 на: 15 Мај 2014, 00:47:39 am »
Super izgleda, cista desetka...
Kolku go zede plastidip i dali bese dovolno edna boca za tie intervencii? Sum slusnal deka trebalo nekolku pati da se pomine na isto mesto!

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг:
« Одговори #756 на: 15 Мај 2014, 00:54:12 am »
Fala ti,za koi intervencii so plasti dip potocno mislis?

Отсутен Sarach

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
Одг:
« Одговори #757 на: 15 Мај 2014, 22:44:54 pm »
kolku što primetiv si interveniral kaj amblemite i izduvot, mene ke mi treba za del od predniot branik t.e. pozadi reg. tablica.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 130 GT-Line
« Одговори #758 на: 15 Мај 2014, 23:02:52 pm »
Јас ги фарбав буквите и издувите и уште некој други ситници.Верувам дека ќе ти стигне за тоа што сакаш,за да покрие убаво треба да се испрска 4-5 тенки слоја.Цената е околу 1000ден.Ги имаше цените на сајтот ама сега не го отвара нешто http://www.plastidip.mk/

Отсутен Sarach

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
Одг:
« Одговори #759 на: 16 Мај 2014, 01:19:00 am »
Ok, fala za infoto.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 130 GT-Line
« Одговори #760 на: 31 Мај 2014, 00:11:20 am »
Бидејќи многу ми се допадна описов си дадов за право да го цитирам текстов и во гаражава  :)

Ни самиот неможев подобро да го опишам возилово,еве и овде голема благодарност до krell  :D


Еве конечно да најдам малку време натенане за да споделам едно интересно искуство.

Веќе подолго време со Bushav Megane се договаравме да го пробам неговиот Меган и конечно пред недела дена го сторивме тоа.

Прво да кажам дека Рено како бренд го имаме во фамилија подолго време. Односно Татко ми има Две Дачии по ред (имаше Соленца, сега има Логан), Чичко ми има Дачиа Дастер со многу опрема , а брат ми возеше три Кангуа по ред, Меган Сеник со 1.5 дЦИ (и во едно од Кангуата имаше 1.5 дЦИ), Рено Лагуна (исто со 1.5 дЦИ), а сега вози Нисан Кашкаи 2.0 дЦИ 4WD.

Исто ќе ви споделам дека пред некоја година за малку ќе купев и јас Рено Меган, ама базирано на разно разни тестови и лошите искуства на брат ми (со сите Реноа освен со Лагуната имаше проблем), се решив да отидам на Јапонци. Така да лично јас, имав многу резервирано мислење за Рено како квалитет и како бренд.

Исто ќе ви признаам дека новиов Меган ми е Рено со најубав изглед до сега, најскладен, нај како треба (споредено со Рено -ата до сега). Имам седнато во Салон еднаш-два пати, ама никогаш го немам возено (стариот Меган го имам возено и тоа и во хечбек варијанта и во седан варијанта).

И да не ми пишеше Бушав да го пробам неговиот, базирано на лошите искуства од претходно веројатно немаше да го пробам и ќе мислев дека е само убав на изглед и толку.


Екстериер: На Бушав Меганот е сина боја, и мислам дека стварно добро му стои како боја, и многу складно изгледа.Бидејќи е ова возило со повисок пакет на опрема, сигурно и тоа има удел во изгледот.

Внатрешност: Изненаден сум пријатно колку е напредната внатрешноста од старите Реноа во кои сум се возел. Прилично Ок пластика, и ме изненади што апсолутно немаше никакво крцкање при возењето. Мене исто ме интересира искористлив багажен простор, и овде за оваа класа ми личи задоволително.

Седишта: Многу добра подпора на грбот. Тврди ама и тамам за да бидат удобни.Дури и многу удобни во тој дел од кичмата.  Како имам проблематична кичма прилично брзо приметувам неудобно или удобно седиште.

Кај седиштата е и една од мааните на возилот. Седиштата ми делуваат многу тесни, и оној профил што треба да те држи мене ми доаѓаше на бутовите и после некое време ми створи помалку неудобност во тој дел од нозете. Ништо страшно, ама да го спомнам.

Мотор: Моите претходни искуства со 1.5 dCI  е дека е доста нелинеарен мотор, односно има влечење до одреден број на вртежи, и после нагло паѓа снагата што прилично не ми се допаѓа. Овде, во овој Меган имав 130 кс благодарение на чипување. Доста добра влече, и многу линеарно и го нема тоа нагло паѓање на снага. На обиколница го возев 170 км/ч и ова е сосема удобна брзина за возење, и нема напрегање на моторот или некоја непријатност. Како маана доживеав дупка во влечењето на помали вртежи (околу 1700 рпм), односн не влече па од кај 1900 рпм повлекува и од таму нагоре е скроз линеарно. Потрошувачка спрема борд компјутер беше 6.7Л/100 како просек, а јас го ресетирав за возење низ град  и од кругот што го направивме добив 5.7 Л/100. Го ресетирав бордот на влез од Скопје и извозев круг до Чаир (преку партизанска, Ману па на семафорите лево), па преку циганското маало Кале па до Дебар Маало. Се сложивме со Бушав дека ова беше на загреан мотор скроз, дека немаше воопшто гужва, не чекавме многу на семафори и дека веројатно реална потрошувачка ќе биде баш тие 6.7Л/100 што беа на бордот од претходно. За поточно треба да се направи мерење при полнење на резеорвар (бидејќи не знаеме дали лаже бордот и колку), ама тоа ќе му оставам на Бушав (освен ако не ми го даде Меганот на едно месец дена па да му проверам како треба :) ). Мене ова ми е одлична потрошувачка (да речеме дека Цитроенот Ц3 1.4 ХДИ во моментов има 6.0 Л/100 на борд).

Овој Меган е спуштен, и тоа има и предности и маани. Предност е веројатно држењето и стабилноста (прилично стабилно возење има и тоа и на повисоки брзини а велам веројатно бидејќи за да знам требало да го имам пробано и неспуштен), и тоа стварно прави ќеиф. Од друга страна маана е што дупките може да бидат проблем (на обиколница има една дупка, што ако ја погодев веројатно ќе беше мал проблем). На враќање погодив една помала, и не најпријатно нешто односно за вакви услови фали нормалниот од на амортизери.Вака како што е , амортизерите имаат добар дампинг (Damping), ама мене ми фалеше Од (Travel).

За наши услови и секојдневно возење, јас сепак не би го спуштал, па макар и се влошила стабилноста (искрено, немам впечаток дека ќе се влоши драстично). Инаку ме изненади кога ми кажа Бушав дека Меган -ов нема Мултилинк, бидејќи не го осетив скокањето и неудобноста што ја осетив кај Шкода Октавија 1.2 тси (можда и сепак спуштањето допринесе до тоа).

Спомнав дека овој Меган има повисоко ниво на опрема, и тоа прави убаво чувство при возењето. Детали како GPS , двозонска клима, кожен волан, фино изработени седишта (освен што ми беа тесни ) и слично допринесуваат на уживањето при возењето, и ако јас се прашувам Меган треба да се продава во ова ниво на Опрема и не пониско (драстично поубаво чувство од основната верзија во која имам влезено).

При купување на кола во оваа класа треба да се даде шанса и на овој модел, односно не треба да се скокне бидејќи има драстична разлика со старите Реноа што сум ги возел. Се на се, Меганов на Бушав прави ќеиф..

Спомнав дека АПСОЛУТНО НИШТО НЕ КРЦКА ? Само за илустрација дека кај Honda CR-V то мое, има повремено некакво крцкање од сам почеток

Бушав, немој ни да помислиш да го продаваш барем уште неколку години :)


п.с. FilipV можда треба да го чипуваш твојот 1.5 дЦИ

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 130 GT-Line
« Одговори #761 на: 31 Мај 2014, 11:04:46 am »
Со торзија е Меганот?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 130 GT-Line
« Одговори #762 на: 31 Мај 2014, 17:23:12 pm »
Да, сите Реноа имаат торзија освен Латитуд.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 130 GT-Line
« Одговори #763 на: 31 Мај 2014, 19:19:54 pm »
RS-от e мултилинк  ;)

Си реков самиот на себе дека ќе одморам малку и нема да чепкам ама срце јуначко не издржа.Предно липче одамна е планирано,дури едно купив ама не успеав да го наместам и сега се решив за малку чудна комбинација ама за среќа ми успеа  :)

Seat Leon Cupra R предно липче



Купено од Порше Македонија,немаше на лагер ама стигна за неколку дена.

Пред

 

Откако успеаа да се договорат Шпанецот и Французот,заебано беше ама бидна некако  ;D







Е тек сега нема да можам да се доближам до тротар,ама добро изгледа па ќе се трпи  :)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Renault Megane 1.5 Dci 130 GT-Line
« Одговори #764 на: 31 Мај 2014, 19:26:34 pm »
Знам дека Рс има мултилинк, муабетот ми беше за стандардите возила. 
Липчето е прекрасно излезено.... а таман ќе си помислам дека нема што друго да се чепка на убавинава! Алал да ти е Бушав!