Ете сум,се прибрав

Признавам дека се возев зошто мораше да легнат спиралите и дистанцерите

Не стигнав да ја исперам денес за да направам подобри слики денски

Колата се спушти малку повеќе од што очекував односно комплетно се спушти околу 35мм и си дојде таман

Денес убаво ја развозев и нема никакви проблеми,понеделник ке оди на проверка на предница да не се изместило нешто случајно при промената иако не покажува никакви знаци.
Управувањето е уште по директно и се осеќа поширокиот траг на тркалата,навалувањето во кривини е сведено на минимум и секое влегување во кривина е далеку поинтересно од претходно

Штета што патиштата ни се такви какви што се и неможе уживањето да биде комплетно ама таква ни е реалноста,си бара привикнување

Значи покрупните работи се завршени,арно ама не верувам дека приказната завршува тука,верувам дека ќе ми текне уште нешто во иднина.
Фиц твоите предлози се одлични,бандажи поголеми не планирам зошто тоа ќе донесе и понизок профил на гума што не е препорачливо за кај нас,а полесни бандажи можеби зошто да не.
Сплитерчето за преден браник е најдено уште поодамна ама колата ќе стане крајно неупотреблива во нашава џунгла и затоа не се реализира такво нешто ама сепак не викам никогаш не.
Фала ви уште еднаш на сите
