Времево се стопли па мора да се работи нешто
Звучната изолација полека но сигурно се намести на 90% од возилото ама за жал немам слики.Обложени се подот кај резервната гума,странично поткрилата во гепек,вратата од гепекот,под задните седишта,сите четири врати и уште некои места кои можеа да се обложат,остана уште нешто ситно ако може да бутнеме
Резултатите се повеќе од одлични,земајќи ја во предвид и цената на изолацијата.Грубо негде ќе отидат околу 5м2 за да се доврши се што планирав планирав да обложам,ми останаа предните крила кои би ги обложил со цел да се намали бучавата од предните тркала и моторот
Искрено не беше многу сиромашна колава со изолација,имаа фрлено изолација на повеќе места ама не доволно,само колку да има.Најдобро ја осетив разликата кога се заврши задниот дел а предниот дел не беше изолиран,бидејќи бучавата од задниот дел се стиши дојде до израз бучавата од предниот дел.
Во секој случај операцијата завршена со одлични резултати.Морам да спомнам дека целата операција беше под водство на кој друг ако не Аце А3 човекот кои неможе да крене глава од моите глупости,ама што да праи таксират
Среден уште еден детал со кои го тргнав секој детал од никел на возилото.Ги прснавме издувчињата во црна боја.Ова е изведено со Plastidip па ќе видиме како ќе се покаже