Автор Тема: Отпорност на сензор за АБС, кај Меган?  (Прочитано 2435 пати)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Да не има некој информација, колку треба да биди отпорноста на сензорите за АБС кај рено меган 97 година ? Бев  кај двајца механичари низ Битола, арно ама во програмите за дијагностика нивни, не ја содржи оваа информација, барав низ нет и неможам да најдам точна бројка. Ми треба за да видиме дали сите сензори се во ред, сијаличката за абс, ми светна вчера, арно ама по 5-6 км се гаси и абс - от работи.Ако постој 3-4 саати колата, пак светнува. 

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14234
  • Пудингот на шоферството
Одг: Отпорност на сензор за АБС, кај Меган?
« Одговори #1 на: 09 Март 2012, 19:20:31 pm »
А шо има врска отпорноста?Јас мислам дека почнува да откажува или па некој контакт дупи работа...Така и на другар ми светни угасни светни угасни,па на крај угасна и ете 5-6 месеци нема гајле,се е во ред
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: Отпорност на сензор за АБС, кај Меган?
« Одговори #2 на: 09 Март 2012, 19:29:48 pm »
Ете требало да се мери отпорноста на секој посебно, за да се види дали дават точни вредности, ако некој отстапва од та вредност, која ни е уште непозната  ;D тогаш не е во ред. Зато барам некој да не знај. А инаку и јас мислам дека некој контакт дупи работа, посебно сега како шо е цел град вода, и на нет најдов нешто за то, ама овие нашите механичари нејќат ни да слушнат за такво нешто. Јас му спомнувам за то, тие ми велат, не бе то нема шанси, треба да ги мериме сензорите... и така.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Отпорност на сензор за АБС, кај Меган?
« Одговори #3 на: 09 Март 2012, 20:11:52 pm »
Другар се надевам дека е ова што го бараш само кажи ми ти кој АБС систем го имаш бош 5,3 или тевес МК 4?
Извинете за големината на сликата ама ја ставив така за да може да прочита


Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Отпорност на сензор за АБС, кај Меган?
« Одговори #4 на: 09 Март 2012, 20:12:35 pm »
Па ако незнаат точна бројка нека ги мерат и нека видат дали некој отстапува т.е. вади различен отпор од другите ;)
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: Отпорност на сензор за АБС, кај Меган?
« Одговори #5 на: 09 Март 2012, 21:41:30 pm »
@ Ogi стварно појма немам кој систем го има, мајсторот само ми спомна, ако можам да најдам отпорност за сензорите, и не ми кажа ни модел ни ништо. Мислам дека е Bosch, пошто и по интернетот прочитав дека треба да даваат околу 1000 оми, а и еве еден прирачник за АБС кај Меган, е сега не пиши точно модел ама мислам дека е Меган 1 како мојот.
http://www.scribd.com/doc/54960450/ABS-Megane

А еве и слика од ливчето, шо стои залепено на пумпата, не пиши марка.


@ Tome, добра идеа  :)

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Отпорност на сензор за АБС, кај Меган?
« Одговори #6 на: 09 Март 2012, 22:10:27 pm »
Најверојатно ќе треба да го смениш мајсторот, што мајстор е тој ако го тера муштеријата да му каже колку треба отпор да имаат сензорите.
Инаку во врска со отпорот, има два типа на ABS системи на твоето Мегане едниот е Тевес 4та генерација кој се вградува до 1997ма година, за него отпорите на сензорите треба да изнесуваат од 700 до 1500 оми, Вториот е Бош 5.3 и се вградува од 1997 година нагоре кај него отпорите на сензорите треба да изнесуваат околу 1100 оми.
 Е сега мислетемуја што е проблемот, толку од мене.
« Последно менување: 09 Март 2012, 22:29:20 pm stig »

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: Отпорност на сензор за АБС, кај Меган?
« Одговори #7 на: 09 Март 2012, 22:17:49 pm »
Пробај да го исчистиш сензорот,можно е да има даги од солта или од зимскиве последици,кај мене тоа помогна,го исчистив и го бруснав со 1000 брусна хартија,сега нема проблем,сензорот штом почнал да трепка сигурно нема добар контакт,тој прегорува како сијалица одеднаш,не мора да се вади,на лице место може да се исчисти  ;)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1301
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Отпорност на сензор за АБС, кај Меган?
« Одговори #8 на: 09 Март 2012, 22:55:36 pm »
А да викневте една баба да измери ?  ;D


Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: Отпорност на сензор за АБС, кај Меган?
« Одговори #9 на: 10 Март 2012, 00:12:13 am »
Најверојатно ќе треба да го смениш мајсторот, што мајстор е тој ако го тера муштеријата да му каже колку треба отпор да имаат сензорите.
Инаку во врска со отпорот, има два типа на ABS системи на твоето Мегане едниот е Тевес 4та генерација кој се вградува до 1997ма година, за него отпорите на сензорите треба да изнесуваат од 700 до 1500 оми, Вториот е Бош 5.3 и се вградува од 1997 година нагоре кај него отпорите на сензорите треба да изнесуваат околу 1100 оми.
 Е сега мислетемуја што е проблемот, толку од мене.
Фала, ќе се бара сега каква пумпа користи. Па како се погоди годината ни ваму, ни таму ;D

@ TE-EN то е најбезболна опција, се надевам дека ќе испадни само чистење да му треба.. само прво да се види кој заебава.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: Отпорност на сензор за АБС, кај Меган?
« Одговори #10 на: 14 Март 2012, 00:05:11 am »
Да апдејтовам, веќе трет ден не свети ништо...џабе за*бавање по мајстори и тормозење по форумот. Само сакав да бидам сигурен дека ништо не му е, и ете за моја среќа изгледа имаше нешто губре, кал или слично.