Не е поентата да рекламираш кола од 25.000 евра или повеќе. Поентата е да рекламираш. Да те има цело време по медиуми, по билборди, ваму-онаму. За коа човек ќе реши да купи кола, да му текне воопшто на твојот бренд. Во голем дел, ради таквото „нас реклама не ни треба, нашите коли сами се продаваат“ на времето пропадна Мак Кар. Volvo во Македонија нема brand recognition каков што има Mercedes, или Audi, или BMW. Треба да работат на тоа, и тоа многу, и со години, за да стигнат да се мерат како што треба. Делумно, тоа се прави и преку константна медиумска присутност.
Во денешно време, особено на ваков пазар тупав каков што е македонскиот, треба цело време и интензивно да се рекламираш. Паметно да се рекламираш, се разбира, да не ги фрлаш парите во ветер, меѓутоа да се рекламираш цело време. Непрестајно. На Телеком му требаат реклами? На Кокакола и требаат реклами? Реално, не. Ама заоѓаат од пари фрлање за реклами.
Така е, ама и не е така.
Те сфаќам што сакаш да кажеш и генерално се согласувам.
Сепак, на МИДА пристапов е сосема погрешен.
Сите рекламираат екслузивни автомобили по билборди кај нас.
Новата S класа, новото Porsche 911 и така натаму.
Но, никаде не пишува „За само 49.950 евра“.
Секој што работи маркетинг треба да го знае првото златно правило
Таргет групаЗначи има начин на кој можеш да пристапиш до таа таргет група.
Секој производ има начин на кој можеш да правиш маркетинг.
Тука се мисли на се. Од самата реклама, па се до каде тоа ќе се огласува.
Исто така спомна за промоција на брендот.
Кој кај нас ќе купи Porsche со обични билборди или реклама на радио?!
Затоа доаѓаат со Porsche-а (како беше тоа Porsche Experience дрн дрн) и имаш прилика да се провозат моделите.
Па се пишува на портали,...па фотографии...евент цел.
Се гради имиџот и оп ...колку Кајмани се испокупија во последно.
Со „За само“ реклами, едино што ќе добиеш е мајтап од општата јавност.