Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2904360 пати)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3929
Зашто имаат забрана до 19:00 на +50c и 30 тона товарен маме му е*аа на асфалтот

Sent from my F5 using Tapatalk




Шо е тој со камионот крив за асфалтот, у Германија нема ли асфалт како таму не пропаѓа? Кај да паркира тој со камионот? Има ли паркинг со вц со вода со сенка? Шо треба, да седи на 80ц во кабина и  да чека забраната да падне? Многу лесно е да коментираш за некој од страна, а да не му ја знаеш маката. Се ситиш тука оти ги казниле, а не мислиш дека на некое дете дома шо го чека татко му одморот му се скратил со тоа.
Толку се разбираш... На таа температура и на таа тежина со самото кочење асфалтот се собира!Шлепери беа за нагоре ги поминав кај колари идеа према гостивар, застанав на стража да одморам едно кафе да пијам и ме поминаа, за надоле пак ги стигнав. Сакам да кажам можеле негде да застанат да помине забраната еден саат бо животот нема ништо да им смени!

Sent from my F5 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Еден саат во може многу да им смени, а за тоа дека асфалтот се собира треба да си одговара изведувачот а не тој што вози и плаќа за да го користи патот. Ама ја не се разбирам ти се разбираш

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3929
Зборев со еден од бауер и ми кажа дека асфалтот што го гребеле го преработувале и повторно го користеле, ако има во ова вистина јасно ми е зашто ни се крш патиштава! Ете го велес скопје на 10 места го крпеа. Сигурно си бил во црна гора преку албанија, во Албанија имаат исто така забрана за возење на тешки товарни возила преку ден и ја почитуваат, никогаш немам видено шлепер во 15:00 часот! Забрана си е забрана треба да се почитува и. (точка)!!! :)

Sent from my F5 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Зборев со еден од бауер и ми кажа дека асфалтот што го гребеле го преработувале и повторно го користеле, ако има во ова вистина јасно ми е зашто ни се крш патиштава!
Не си сфатил веројатно, а ни он што е поентата на асфалт.
Цитат
Q: Can Asphalt Be Recycled?
A: Yes asphalt is 100% recyclable. http://asphaltrecycling.com/display.php?cnt_id=24


Целиот феномен што се вика асфалт е неговата поента што е комплетно и целосно рециклабилен. Ниту една работа на планетава не е со толку голема ефикасност на рециклирање. Поточно тој не се „троши“.

Цитат
Reclaimed asphalt pavement (RAP) can be recycled into pavement that is as high, or even higher, in quality as pavements made of all-virgin materials. And, the same material can be recycled again and again; it never loses its value. http://www.asphaltpavement.org/index.php?option=com_content&view=article&id=201&Itemid=495

Асфалтот е еден од најфасцинантните производи на дешешницата (после стакло секако, тоа е на врвот).

Проблемот со попуштање на патиштата не лежи во асфалтот. Асфалтот нема структурна компонента. Тој не држи ништо. Тој е само премаз врз трасата. Трасата е онаа која го држи товарот, го распределува, и ако не е добра попушта. Асфалтот е толку многу корисен што и при деформирање на трасата тој ја менува својата форма за да одново го покрие и тој искривен терен. Значи со други зборови има пластичност, а воедно е робусен за да може да издржи тенкови да кочат на него без проблем. Ама проблемите се само и само под асфалтот. Никако од него. Асфалтот не попушта.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5202
Исто како кај фарбање лоша подготовка после прави проблеми. Затоа Велес Скопје веќе е крпен и уште повеќе ќе пропаѓа. Ако не е добра основата ќе си работи патот

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Попушта и асфалтот, односно врзивниот дел. Доколку врзивниот дел не е добро составен и нанесен, ранлив е на пенетрација на вода. А знаеме дека вода каде што ќе влезе, кога ќе замрзне ќе направи штета. Кога водата замрзнува моше без мака да скине челик а камо ли асфалтот да го испука. Кај нас на пример кога се крпи некој пат, го гребат стариот, нанесуваат малку катран или бетонит, ставаат со лопата асфалт и го проаѓаат со ваљак. За да биде добар, мазен и траен, како во Белгија или Германија на пример, откако ќе се направи сето тоа, треба да се обработи и со термичка преса, тоест специјална машина која го загрева на многу високи температури и новата и старата површина ги топи и фузира меѓу себе. Затоа вода не може да влезе и да го уништи асфалтот.

Така да Бушавиот до некаде е во право. Без оглед дали е рециклиран или е virgin, неквалитетниот асфалт попушта, нема врска тоа со трасата. Квалитетниот асфалт е хемиски стабилен и во теорија е неуништлив. Само техничко е прашањето зошто кај нас асфалтот кратко трае.

Отсутен ExtremeBt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1459
Дечиња по 15 години накупиле веспи. Возат дали возат летово, не знат ни правила, ни прописи.
Закон не ги фаќа пошто нели до 50 кубици не треба возачка, така?
А, за основни правила во сообраќајо? Знат нешто?

За да возиш веспа треба само да знајш да ја тераш или да знајш некое правило кај се тера или застанва?
И да се напрај беља, по која основа ќе одговарат?

Постскриптум: Некни ќе ме собереја на пешачки, возеа две веспи паралелно, ваљда се тркаја.

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 325
Барем скутерчиња возат.

Прееска едно копиле од 12-13 години ми пресече пат со априлија рс 125ка. Не може на нозе да застане на моторот, ја незнам како уопште се качил.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5202
Треба теоретски дел да се полага за да возиш скутер...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Дечиња по 15 години накупиле веспи. Возат дали возат летово, не знат ни правила, ни прописи.
Закон не ги фаќа пошто нели до 50 кубици не треба возачка, така?
А, за основни правила во сообраќајо? Знат нешто?

За да возиш веспа треба само да знајш да ја тераш или да знајш некое правило кај се тера или застанва?
И да се напрај беља, по која основа ќе одговарат?

Постскриптум: Некни ќе ме собереја на пешачки, возеа две веспи паралелно, ваљда се тркаја.
Не е без возачка туку може со Б категорија.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2653
Тоа стварно е проблем, деца од 14 години возат мотори поголеми од нив. Баш како што кажа @Rammlied  неможат на нозе да застанат затоа возат побрзо да не изгубат баланс и да паднат.
Уште полошо е што возат низ парк во Струмица конкретно,  сред парк на пешачка зона, гужва, стари луѓе, мајки со деца, со домашни миленици овие се бутат меѓу нив со моторите :/

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Синоќа другар бил паркиран најдесно кај Порта Влае и кога се обидел да се вклучи во сообраќај  пресекол пат на некое сериозно улетано БМВ...али одма се престроил пак десно и ништо не се десило.

Двајцава во БМВ то, застанале до него, отвориле прозор и едниов му извадил пиштол...

"Хочеш да те сад упуцам?..и рептирал.

Не запамтил таблици, не пријавил....се извадил од памет.

Скопје.
@howitz читaј пријaтеле.
Нa пoзнaник, сред бел ден нa плaстичaрскa кaрши пoлицијaтa,зaтoa штo свирнaл нa тoј пред негo истoтo му се случи,  му искoчи тoј oд кoлa и преку прoзoр му гo впери тoa пиштoлчетo, се измoчaл кутриoт oд стрaв. Имa уште тaкви ситуaции штo ги знaм, нo дa не ги спoмнувaм. Зaтoa, пушти будaли некa лудувaaт или културнo пријaви си ги дoкoлку те извaдиле oд кoжa, не е твoјa рaбoтa силa дa пoкaжувaш, дoкoлку сaкaш зaпиши се нa бoкс.
Се ми е јасно друже, секакви ги има, тие истите се и од времето на дпмне, а не од Сдс како што знае ахтунг да спинува.

Има такви и наши и албанци и босанци и срби. Јас никад не сум рекол да се пресметува во сообраќајот, а дека има вжештени глави има..
Таквите кои вадат пиштол некој ден ќе го јадат, ќе го извади на погрешно место.

Алфите пред некоја година можеа за ништо да те направат бумбар и никој да не одговара.

Sent from my Redmi 3 using Tapatalk
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Па до негде беа ок алфите.... Освен ако не се препознаат па да избуфтаат некого баш бадијала. Инаку ме застанале 2-3 пати, се легитимираа побараа документи,кој си шо си кај одиш, носиш нешто нелегално, фала принатно.
Еден познаник им соличел на некој си џанак попи 2-3 али јбг барем работеа нешто, бркаа џанаци лопови чаламџии како тие од гта...
Патем...
Може асфалтот да се армира како бетон? Нели може да се направи циментна подлога па само горниот дел да го менуваат по потреба?
Инаку читав имало некој си екперименти за асвалт со метални струганици за кога ќе се  оштети да го поминат со индуктор и преса и да се израмни повторно. Па че видиме што ќе испадне...

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Да ве фатат алфите еднаш да видам дали ќе ги пишувате глупостиве пак :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Па до негде беа ок алфите.... Освен ако не се препознаат па да избуфтаат некого баш бадијала. Инаку ме застанале 2-3 пати, се легитимираа побараа документи,кој си шо си кај одиш, носиш нешто нелегално, фала принатно.
Еден познаник им соличел на некој си џанак попи 2-3 али јбг барем работеа нешто, бркаа џанаци лопови чаламџии како тие од гта...
Патем...
Може асфалтот да се армира како бетон? Нели може да се направи циментна подлога па само горниот дел да го менуваат по потреба?
Инаку читав имало некој си екперименти за асвалт со метални струганици за кога ќе се  оштети да го поминат со индуктор и преса и да се израмни повторно. Па че видиме што ќе испадне...
Аутобаните ги прават така. Бетон многу дебел армиран и отпорен на вода и одозгора асфалт.

Уствари повеќето премиум автопати се прават така. Затоа и најскапо нешто на планетава е автопат.