Сељачки Golf4 со кинески ксенон. Го претекнав и набрзо видов дека сум се заебал. Патот не дозволуваше големи брзини па не можев да му се оддалечам. Светлата на гољфот ослепуваат. Му давам сигнал да намали од тоа светлата, но џабе, ми вели кратки се. Го пуштам да ме помини и јас по него. Стигаме друга кола, и таа му сигнализира дека светлата му се ужасни, по некоја минута и тој го пушта голфот да оди напред. Гољфот оди напред и сите му блиндираат. Му бапнав долги во ретровизор и го дупев така 3-4 минути, чисто да види како е.
Сељаци со нелегални светла во Македонијава денес има премногу. Апел до полицијата да ги отстрануваат и препраќаат на технички каде ќе мора да поминат техничка контрола.