На одење накај теретана:
Црвен семафор за мене и возилата во спротвна лента каде исто така стоеше кола.
Сребрен Голф 5, доаѓа улетан, ја заобиколува колата која стои и поминува на чисто црвено.
Како што помина покрај мене, отворив прозор и го отерав и 3 лепе...Пази..уште подзастана фраерот, нешто..па продужи.
На враќање од теретана:
Возам 60-70 низ населба, пуна линија, позади мене (замисли) пак сребрен Голф 5 (ако беше истиот се надевам брзо ке се најде под некоја сканија за општо добро) , стигаме до нерегулирана раскрсница, овој залепен позади и ми блендира дека ќе ме претекнува...баш во тој момент му излегува кола од левата лента на раскрсницата која реално е слободна за вклучување доколку моронов не ме претекнува на полна линија.
Влезе во макази милиметарски да не не собере и мене и тој што излезе од раскрницата.
Каде можам да се јавам да стават патроли кај што стварно е потребно во населбава, а не како буљашчиња да се кријат само зад знаци и да казнуваат за светла или појаси.