Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 3267812 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20379
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8115 на: 02 Февруари 2014, 20:49:52 pm »
Јас се си мислам дека пред неколку месеци падна дискусија за овој вид "заобиколување" и некој од вас ми се чини дека го најде законот. Може и сум грешка па бил овој што е напишан дека не може под 40км/ч да се ограничи.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15122
  • Пудингот на шоферството
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8116 на: 02 Февруари 2014, 20:50:10 pm »
Арно мислиш.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8117 на: 02 Февруари 2014, 21:07:52 pm »
После оној клип Дени што го снимил се донесе закон камиони да можат давозат во одреден перио. Така да не бил само Дени нервозен. И можда не е нервоза за некој три пати во годината што е отиде на пат ама кога си секј ден и те како знаат да замараат некој такви финеси. Џабе лично го напаѓате човекот, не сте у право.

Јас се си мислам дека пред неколку месеци падна дискусија за овој вид "заобиколување" и некој од вас ми се чини дека го најде законот. Може и сум грешка па бил овој што е напишан дека не може под 40км/ч да се ограничи.
Арно мислиш.

Сега пред еден саат поминав во Кратово. 30 е ограничено.
« Последно менување: 02 Февруари 2014, 21:17:54 pm Chlink »

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15122
  • Пудингот на шоферството
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8118 на: 02 Февруари 2014, 21:13:14 pm »
Се донесе закон за на Стража,и шо ако се донесе кога истиот закон не важи за товарени камиони.А кој ја прави најголемата гужва на стража?-Товарените камиони.
Е сеа,значи товарен врвиш,празен не врвиш,а празен сум 3х(надолу) побрз од товарен и 4-5х побрз од товарен нагоре.

Е сеа еден друг пример.Летово дур ја возевме жетвата,носевме жито од Битола до Тетово.Имавме наредба од директорот на млинот да нема застој,ниту празни ниту полни,нон стоп гас.
На 2-3 пати не застануваа џандари(ама застанување во филм као демек сега ве искинавме од еб**е,абе шерифи)...Повелете телефонот со него објаснете се...Па се инаете ја,па им стигна опомена од нивни надлежни дека мора да поминуваме и чао џаци. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8119 на: 02 Февруари 2014, 21:14:07 pm »
Како тоа не важи за товарени камиони.?:)

Бенефитот од законот е преголем.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8120 на: 02 Февруари 2014, 21:17:28 pm »
Јас во тој перио камион немав видено. А пред тоа се чекаше редици. Само во мојот случај застануваа кај што има место и пропуштаа.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15122
  • Пудингот на шоферството
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8121 на: 02 Февруари 2014, 21:34:45 pm »
Па ако си товарен Не важи забраната туку си возеш и џандарите не те чепкаат.Празен несмееш да возиш во тој период.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8122 на: 02 Февруари 2014, 21:47:51 pm »
Цитат
(2) Возачот не смее да ја намали брзината на движењето на возилото до
таа мера што неговото возило претставува пречка за нормалното одвивање
на сообраќајот.
(3) Возачот чие возило заради техничката состојба, состојбата на
товарот или други причини не е во состојба да ја следи утврдената брзина
на движење на возилата на патот и со тоа го попречува нормалното
одвивање на сообраќајот, а заради непостоење на услови за безбедно
престигнување се создава колона на возила, е должен да вози по крајната
десна страна на коловозот, а ако и тоа не е доволно да го запре возилото
на првото погодно место надвор од коловозот за да ги пропушти возилата
што се движат зад него.

Дени, не те прашав тоа не ме дупи

те прашав каде пишува oва, со 25, 35, препреки, требало десни ленти, дрн дрн:

Под 35кмч се смета дека е застанато возилото и се третира како препрека. Или 25кмч беше мислам така нешто. 25 или 35. И треба да „вози/стои“ во десниот дел на лентата.

пишува ^^^ова^^^ некаде или го - кхм - измисли?

Стално вака праиш straw man кога ќе се најдеш у тесно. Немој. Или одговори конкретно на тоа што те прашувам, или не одговарај ебаго, никој нема да се налути ако не одговориш, ниту ќе ти се скрати курот. Ја те прашувам „колку пари се јаболките“ ти ми одговараш „лубеницата е толку-и-толку“.


Ух, како ги делкаат во Хрватска ваквите возачи што возат споро... :) Исто и оние кои „спијат“ на семафор и не тргнуваат на време :D

E како па да не. Тоа во вашите фантазии само. Редовен сум на хрватските автомобилски форуми, и на долго и на широко се збори/мрчи за казни за ова за казни за она, и никој не спомнал ниту еднаш казнување за спора вожња, ниту јас со 20 години и цца 20.000 км возење у хрватска сум приметил некој да биде казнет за тоа.

Ако не веруваш, пробај да најдеш и ќе видиш и сам.

Не измишљајте паралелна реалност која ви се бендисува, наспроти вистинската која не ви се свиѓа. Тоа се детски работи.


Ова го прочитав во хрватски ауто магазин, ако тие од Загреб лажат - извини што те излажав и јас.

Никогаш не верувај на збор, секогаш проверувај.

Барем тоа е лесно во 21. век со помош на гугл и малку време.




Пошто не сум тип што измишља, лаже или сл., а и не би ми личело некако на годините - (иако кичмава пак почна нешто да ме боли) ме натера да слезам и барам у подрум дали го чувам списанието.

Очигледно ти си тој што превише им верува на линковите од гугл (и на странските автомобилски форуми, само не на домашните), имаш доволно време за контрирање, незнам дали тоа те храни или едноставно само си недокажан...

Значи казната за преспора вожња (бр.14) е 500 куни, а за „спиење“ на семафор (бр.11) е 300 куни. Повелете факти г-дине:

Еве ја насловната страна на Auto Klub (15 прекршаја о којима ни полиција не води рачуна, како одговор на прашањето „Што нас излуѓује на цести?“)


Еве дел од прекршоците и казните за истите


А еве го и твојот омилен дел


Сликите се малку лоши, ама ако ги зумираш сликите се' се чита. Не сакам кога некој го девалоризира моето мислење...

Фала многу, пријатно!

Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 591
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8123 на: 02 Февруари 2014, 21:48:24 pm »
Па ако си товарен Не важи забраната туку си возеш и џандарите не те чепкаат.Празен несмееш да возиш во тој период.
Zabranata ne vazi za kamioni so lesno rasiplivi stoki za drugite kamioni vazi zabranata

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8124 на: 02 Февруари 2014, 21:50:33 pm »

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15122
  • Пудингот на шоферството
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8125 на: 02 Февруари 2014, 22:29:30 pm »
Па ако си товарен Не важи забраната туку си возеш и џандарите не те чепкаат.Празен несмееш да возиш во тој период.
Zabranata ne vazi za kamioni so lesno rasiplivi stoki za drugite kamioni vazi zabranata
Па да де,тули и блокови се ептен лесно расипливи.И јас мислев така,ама испадна сосем поинаку.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7108
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8126 на: 02 Февруари 2014, 22:42:21 pm »
@djidji.
Во ред е се, но убаво пишува во тој дел, ако возачот вози под пропишаната брзина. Кај нас на автопат е од 60 до 130, а ако има знак, ондак до онаа брзина со која знакот ја ограничува максимално дозволената брзина.
Значи во рамки на таа брзина од 60 до 130 да речеме ти си законски регуларен, т.е не подлежиш на санкција.

Во хрватска колку е минималната брзина за да те казнат ? Сигурно не е 130, па кој вози под 130 казна.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7108
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8127 на: 02 Февруари 2014, 22:58:11 pm »
Ја пак барав по законот, нешто најдов, па да видам како ке го протолкувате:

75. ,,Автопат” е јавен пат од највисок сообраќаен ранг, посебно изграден
и наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, означен со пропишан
сообраќаен знак, кој има две физички одвоени коловозни ленти за сообраќај
од спротивни насоки, без крстосување со попречни патишта и железнички
линии во исто ниво и на кој сообраќајот може да се вклучи, односно исклучи
само на одредени и посебно изградени приклучоци на јавните патишта на
соодветната коловозна лента на автопат и кој е заштитен од пристап надвор од
овие површини;
75-а. ,,Пат“ е сообраќаен објект на кој се врши сообраќај;
76. ,,Јавен пат“ е пат кој е определен како јавен пат и може да биде
државен или општински;
76-а. ,,Државен пат“ е јавен пат категоризиран како автопат, експресен
пат, магистрален и регионален пат од прва и втора категорија;
77. ,,Пат резервиран за сообраќај на моторни возила“ е јавен пат по кој
можат да сообраќаат само моторни возила и кој е означен со пропишан
сообраќаен знак;

78. ,,Меѓународен пат“ е јавен пат, кој со ратификуван меѓународен
договор, е распореден во мрежата на меѓународни патишта;
79. ,,Магистрален пат” е јавен пат кој ги поврзува поважните економски
подрачја на Република Македонија и кој се надоврзува на содветните патишта
на соседните држави;
80. ,,Регионален пат“ е јавен пат кој поврзува економски подрачја на две
или повеќе општини во Република Македонија или е од посебно значење за
Република Македонија;
81. ,,Локален пат“ е јавен пат кој поврзува населени места на општината
или од кој е од значење за сообраќајот на општината;
82. ,,Некатeгoризиран пат“ е пат кој се користи за сообраќај и кој е
достапен за поголем број корисници (земјоделски и шумски патишта и слично);
83. ,,Земјен пат“ е пат без изграден коловоз;


24. Сообраќај на автопат и на пат резервиран за сообраќај на моторни
возила
                                           Член 134
(1) По автопат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не
смеат да се движат пешаци, велосипеди, работни машини, мотокултиватори,
трактори, запрежни возила и добиток, ниту возила кои според одредбите на
овој закон не се сметаат за моторни возила.
(2) На автопат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не
смеат да се движат ниту моторни возила, кои според своите конструкциски
својства не можат да се движат со брзина од најмалку 60 километри на час.

(3) Одредбата од ставот (2) на овој член, не се однесува на возилата на
Армијата на Република Македонија, Полицијата, како и возила на правното
лице надлежно за одржување на патишта, кога давааt посебни светлосни
знаци (жолто трепкачко светло).
(4) ) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.
 (5) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече на пешакот кој постапува спротивно на одредбата од
ставот (1) на овој член.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8128 на: 02 Февруари 2014, 23:00:10 pm »
Фала многу, пријатно!

Убаво ти пишува во поднасловот дека се ретко казниви, што е во колизија со твојот претходен став дека „ги делкаат...“.

Уште еднаш ќе те поканам да ѕирнеш на тамошните форуми дали некој се „пофалил“ дека го казниле за тоа или не. Ја до сеа не сум сретнал. Се жалат на секакви казни, но некој да биде казнет за ова - не сум чул/прочитал. Ти ако најдеш постирај.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8129 на: 02 Февруари 2014, 23:02:24 pm »
Тоа значи дека на Автопат несмее под 60кмч. Ниту возила кои имаат максимална брзина под 60кмч, (трактор, велосипеди со мотор, комбајни, спори камиони и слично)