Толку неписмен народ вози низ скопјево, тоа чудо нешто. Сега во 13:45, на раскрсницата после рамстор. Јас сум втора кола во средната лента, пред мене има еден со фиат панда. И си се редат коли позади нас, кога се слуша сирена од брза помош. Гледам во ретровизор, од позади колите се потргнуваат на страна и брзата помош иде позади нас.
И од десната лента и од левата, колите се поместија напред, тие од десната лента дури тој првиот влезе во раскрсницата, плус се потргнаа на страна за да се направи во средина слободна лента за да помине брзата помош. Овој со пандава абе ич око не му трепнува, почнав ја да свирам, тие позади мене свират, не бре не му текнува ни напред, ни на страна да се помести и ние во средната лента првите 5-6 коли углавени ради неписмениот во пандата.
Тек на крај се помести едвај 1 метро нанапред и срека се отвори семафорот зелено.