Сигурно дека висината на казните мора да кореспондира со тежината на прекршокот, но казна мора да има во секој случај.
На пример, не гледам што е проблемот да им се зима стотче на пешаци кои проаѓаат улица надвор од пешачки премин, двестотче на претрчување на црвено за пешаци итн итн... Мала казна, секој може да ја плати, и ќе им ги расипе математиките за на пазар. Памет за друг пат. Денес нема да си купиш цигари и мајонез, од утре на пешачки.