Враќа на рикверс и не гледа дека стојам зад незе...Доближува доближува.. ОП СВИРАМ... едно 3-4 секудни...
Ја фака паника... напред метро... назад метро... пак напред метро... ПАК ЈАС СВИРАМ, овај пат подолго пошто веќе доцнам....пробува да заврти да паркира... не... напред...... не ... назад... пак свирам...
малава крева рачна... да можевте само да ја видите како се бришеше како кога те облева ладна пот... па си маваше инстант шлаканици за да се соземи... Во момент посакав јас да станам да и мавнам некоја инстант, па и на тој што ја пуштил в кола...
После сочните шамарчиња што си ги исшлака пак почна... напред... назад... метро, па пола метро... па лево... па десно...
Немав нерви , пуштив 4 трепкачи и рикверс светла и тој што беше зад мене се тргна од патот и излегов...
Пред да се исклучам од улицава, еден врти... отварам џам и му викам: НЕМОЈ, ИМА ЕДНА ТРУПКА , ПРОБУВА ДА ПАРКИРА ЕДНО ПОЛА САТ
а тој на тоа: - ЗНАМ, КОМШИВКА МИ Е! 
Not cool друже. И што ако си свирел? Си докажал дека ти си 100 пати подобар возач од неја.
Не ти текна да излезеш да и понудиш помош? Може и че си добиел нешто за возврат. За свирење мадиња не требаат.
Оп стоп... немам намера на никого ништо да докажувам. Свирењето никогаш не го правам од курназлак туку затоа што некој ја преминал границата на мојата толеранција - исклучиво во знак на бес! Ако некој не е за в кола тогаш нека не се качува в кола ... малку самокритичност бе народе!... Ако му помогнам денеска ќе се научи дека во секоја ситуација некој ќе му препракира него/неа! А во случај ако моето свирење го свати како осудување, ОК, нека си се засрами шо напраела 30 години и сеуште нема ронка самокритичност да речи - НЕ ЗНАМ ДА ВОЗАМ! И свирам за да свати дека тоа не е играње играчки, дека загрозува сообраќај па макар и во најмала мера. Имам луѓе што ми имаат загинато поради такви кокони (размисли како е , па ќе сватиш) што ги плеткаат педалите, возењето го сваќаат несериозно, не држат растојание и не знаат кој има предност. За таквите чочки ( чочаци) што воланот го држат со нокти - НЕМА МИЛОСТ

Можи требаше да пишам во „расказов“ погоре дека коконата дојде на пола метро до мене и уште враќаше , мислев дека се подразбира... моја грешка... ако не свирев ќе ме запни па ќе треба после да се расправаме со полиција, осигурање, задоцнување на работа и тн.
Тоа каков шофер сум нека оценат другите што возат покрај мене, јас нема да се правдам. Можда некогаш сум возел и побавно од останатите, паркирал на забранета улица, свирнал ноќе, ама никогаш не сум се довел во ситуација да го блокирам по пат, да му паркирам пред влез, да напуштам кола на место кај што попречува , да направам застој или да го испровоцирам некого да ми свири упорно пола сат... а тоа секој ден го гледам јас и ми смета.
Осудувајте ме колку сакате за ова што го кажав, дајте сугестија, ама јас сметам дека е најправилно што може да биде од овај аспект...
пс. да видев зад воланот некое дете 13-16 години што се учи да вози ќе ја изгасев и ќе го почекав сигурно па макар и да задоцнам сегде, ама некој што има возачка... хммм