Аууууууууу ааааааааааааааааааааааааААААААААААААААААааааааааааа....
полудев денеска со само 10 километри поминати.
Кнап градов... Се што имало кола, мотор, точак... се излегло...
Се, али овие два „сичуејшни“ ме полудеа в крај!
Сичуејшн Уан: Излегувам по тесна нагорна улица... и една типка со пунто застаната само за да неможиш да поминиш... Оддалеку гледам не ми се верува како е паркирана колава, во моиве скромни 6-7 години возење тоа го немав видено. Доближувам - малава си се пудерисува и гајле си нема. Мислев дека тоа пудерисувањето в кола е само во бајките, дека ниедна не е толку чакната буквално да се пафка со она метлана на среде улица застаната.... Почнав да и свирам со колава упорно (а машала што имам една свирка ставено... јухуу).
Дига поглед малава, ни се пули бледо на сите 4ца в кола што ги возев, така , едно 4-5 секундки... јас песосан и забаен ја пцујам до 4то колено уназад....Па си ги стави темните наочарки, лагано ја запали, и ја помести цели 25 цм и некако се протнав покрај неа...
По извесно време се пикам во една едносмерна уличка ПАК ЗАБАЕН (во прав смер). По крајовите испаркирано со коли. Застанати две глупачки - еднава надвор, другата во зелен Скеник... Малава пробува да паркира паралелно од десно....

Враќа на рикверс и не гледа дека стојам зад незе...Доближува доближува.. ОП СВИРАМ... едно 3-4 секудни...
Ја фака паника... напред метро... назад метро... пак напред метро... ПАК ЈАС СВИРАМ, овај пат подолго пошто веќе доцнам....пробува да заврти да паркира... не... напред...... не ... назад... пак свирам...
малава крева рачна... да можевте само да ја видите како се бришеше како кога те облева ладна пот... па си маваше инстант шлаканици за да се соземи... Во момент посакав јас да станам да и мавнам некоја инстант, па и на тој што ја пуштил в кола...
После сочните шамарчиња што си ги исшлака пак почна... напред... назад... метро, па пола метро... па лево... па десно...
Немав нерви , пуштив 4 трепкачи и рикверс светла и тој што беше зад мене се тргна од патот и излегов...
Пред да се исклучам од улицава, еден врти... отварам џам и му викам: НЕМОЈ, ИМА ЕДНА ТРУПКА , ПРОБУВА ДА ПАРКИРА ЕДНО ПОЛА САТ
а тој на тоа: - ЗНАМ, КОМШИВКА МИ Е!
