ми прегоре сијаличка од ксенонот.. ок, пројдено бајаги време, извозено бајаги километри, не е проблем ке идам во КАРСКОРНЕР, карши форца, од таму ми е земен ксенонот, да си земам нова сијаличка... стигам кај нив и на вратите пломби и огромни налепници ЗАТВОРЕНО ОД УЈП... е браво... си викам следна дестинација кај што ми е некако загарантиран квалитетот на некој начин е ДОГСЕКЈУРИТИ... стигам таму, здраво-здраво, ми треба Н7 6.000к, имате ли? имаме, кошта толку и толку.. ок, дај ми.. зимам сијалицата, и си идам у гаража, си ја местам, палам светла, сијалицата трепка. хммм.. чек да сменам трафоата, да не случајно трафото сјебало работа па прегорела претходната... пак исто, трепка... чек да сменам фарот, да не е некаов проблем со инсталацијата, пак трепка, аплус и свети некако на жолта нијанса а не бела... се на се пројдоа 20 минути... зимам сијалицата се враќам во дог секјурити, затворено... на телефон ало ало, ми вика
-ехеееее далеку сум дури во аеродром...
-па од аеродром до сервиз кај вас пешки се иде за 5 минути.
-господине ти имаш проблем со трафото...
-друже, го сменив трафото пак трепка...
-господине тогаш имаш проблем со инсталацијата
-друже, немам проблем со инсталцјата, го сменив и фарот (лев-десен)
-господине имаш проблем со колата, донеси ја утре
-абе нејќам утре, сега ти дадов пари, сега ми треба, не утре...
-неможам сега, дојди утре...
-абе знам дека си на 500 метри од тука, дојди дај ми сијалица друга, не чини оваа
-утре утре...
значи, риспонс кон клиент нема, одговорност нула, се обиде на секој можен начин да те заебе, да ти каже дека нешто не ти чини кај тебе и дека не е до сијалицата... абе не свети бело и трепка, што тука не е јасно? плуса многу шабански е кога ме убедува дека нешто не е во ред со струјата а не знае дека сум електричар.
утре ке идам во дог и ако не ја сменат, ако пак ми изиграваат криви дрини, толку од мене што ке ме видат таму, а на голема уста наоколу ке трубам дека кај нив не се иде, ако неој било кој ми ги спомне.