хаосот во скопјево сигурно бил спомнат минимум милион пати... ако некој во последниве 20 години размислил како да се реши овој проблем, си ја сечам главата!
проблемот е во тоа што скопје не е планиран да ја собере цела македонија во еден ден... тоа значи дека од цела македонија тука имаме студенти и луѓе што работат, арно ама таа бројка е голема... така да скопје има околу 1 милион жители ако не и повеќе, вклучувајќи ја и оваа категорија која никој не ја брои.
друга работа, кога ќе заврне сите излегуваат надвор со кола наместо
#НаТочак да си завршат работа или со ЈСП или во краен случај пешки се стигнува од една до друга дестинација. тоа е сосема нормално... она што не е нормално што во центар се стационирани голем број фирми и претпријатија. наместо тоа да биде бенефит испадна дека е дефицит во поглед на време и трошок да се стигне до нив. проблемот го гледам во оние што дозволиле да се гради и создава метеж во градот кој не е планиран тоа да го издржи.
како една паралела ќе ја земам Љубљана која по површина е слична како Скопје... интересно е што во Љубљана во центарот на градот има само факултети и средни училишта... остатокот се наоѓа во периферијата, а сите тие фирми и здруженија ги поврзува една обиколница. на тој начин, во Љубљана нема да видите повеќе од 3-4 коли како чекаат зелено на семафор... а кај нас ситуацијата е хорор во споредба со овој град.
дали мојата констатација е на место или не... оставам секој да си одлучи... не сакам никој да ме разбере погрешно бидејќи некој друг погрешил во менаџирањето на градот и создавањето на големиот метеж во сообраќајот кој исто така има големо влијание и кај еколошката ситуација.