Зачудо у цел саат вожња кроз Скопје денес, не ме изнервира никој... Освен на враќање дома, на една раскрсница без семафори...
Имаше една Љунда пред мене, и возиме двајцата право, а од моја десна страна има улица... И колите од спротива чекаат да поминеме за да можат да свртат на нивно лево...
Одеднадеж овој со Љундата се сретна со некоја баба, и застана на сред раскрсница. Седиме така може пола минута, сите свириме. На тој што вртеше лево му прекипе и ми се убаци пред кола, и морав да идам рикверц за да може да помине. А позади мене само што наближуваше друго југо.

Го глеам се укопа позади мене кога виде дека возам рикверц, а тој со љундата у меѓувреме ја качи бабата у кола и тргна.
После 20-30 метри, друга раскрсница. Вртиме јас и Љундата десно, и таман само што свртивме ми застана пред мене за да ја истовари бабата што ја качи пред 20-30 метри... Хаос... Ми прекипе и го претекнав експресно.
После дека беше мокро малце со рачната се занимавав, на празна улица.

Сето ова беше на раскрсницата со Женевска кај последна 24ка у Тафталиџе, и кај таа раскрсницата за кај Едон.
