Денес ме изнервира еден со Тико, излагам од паркинг и малце подзастанав зошто имаше кола пред мене и не можев да пројдам. Гледам на ретровизор за да се вратам малце назад и ете го типот со Тикото гледа назад и оди напре и ме удри со браникот во пластиката од регистрацијата. Излагам надвор ја гледам колата само пластиката искршена му викам шо напраи бе друже, кај гледаш? Вика абе гледав да не ми затвори рампата... И му викам сеа шо праиме? Вика како сакаш а Тикото му било сужбено разнесувал пица , го видов уште еднаш браникот и има само 2 точки изгребано и му викам ај ништо не треба биднало сеа тоа е... Дечково извини, извини, фала, фала. Нејќев да се змарам со записници и срања и така веќе се ми е преку глава.