Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 3287177 пати)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4110 на: 23 Јануари 2013, 22:48:04 pm »
Епа полицајците ќе ти пишеле тебе за голема брзина, а на него (вистински што го загрозува сообраќајот) нема да му речат ништо. Тоа е нашата чудесна земја. :)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4130
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4111 на: 23 Јануари 2013, 23:04:36 pm »
Си стојат на патарина полицајците, имаат со кој да муабетат. А само една патрола е Ве-Ск. Баш ќе загледувам по С3 киве низ Велес да видам шо специјалка го вози.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7116
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4112 на: 24 Јануари 2013, 00:35:55 am »
Ме нервираат овие што возат со долги светла низ град по осветлени улици и мислат дека не му сметаат пешаците кои идат од спротивен правец, па морам да го вадам телефонот и да му "блендирам" со блицот од камерата за да исклучат! А стварно очи вадат долгине светла, па некои и магленките му се пуштени...Идиоти!!!

И јас вчера кога се вракав од работа забележав доста коли со долги светла, нормално, не им блендирав, туку на секоја акција има реакција, па така и јас директ пуштање долги светла. Ама некако не реагираа никој од тие на кој им пуштив долги, продолжија така да возат.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4113 на: 01 Февруари 2013, 18:01:45 pm »
Денес буквално ништо не ме изнервира, Скопско и се е можно :D :D





Го сменив држачот, дечките од Карнер - Ферал, посебно Аце будалата, се цареви ;D

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9214
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4114 на: 01 Февруари 2013, 19:09:39 pm »
сите држач за мобилен,куоре држач за пиво  8)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4115 на: 02 Февруари 2013, 15:52:01 pm »
Момци давајте идеи како да го фатам кретенот што ми ја гребе колата и да го врзам за јајца за ауспух и да го влечам по калдрма. Значи цел хауба изгребана и + цела совозачка страна.
нема смисла ова веќе, се молам да го начекам...
:@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4087
  • MadaFunker
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4116 на: 02 Февруари 2013, 16:03:21 pm »
Чекај го некоја вечер, или стај си камера в кола.
New blood of old school

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4117 на: 02 Февруари 2013, 16:12:43 pm »
Момци давајте идеи како да го фатам кретенот што ми ја гребе колата и да го врзам за јајца за ауспух и да го влечам по калдрма. Значи цел хауба изгребана и + цела совозачка страна.
нема смисла ова веќе, се молам да го начекам...
:@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@

Фиестата или Пандата?

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4118 на: 02 Февруари 2013, 16:17:21 pm »
Фиестата...
И Пандата еднаш ја изгребаа ама само еднаш и тоа исто, од почеток до крај...
Ама Фиестава е лом... ако некогаш проаѓаш од кај нас подзастани и види... и двете страни, на совозачката два пати од почеток до крај + цела хауба...Ми се плаче...
А внимавам каде паркирам, никогаш не сум заглавил некој нит сум паркирал пред куќа на некој...
Пред некој ден некој ми ја искорнал таблицата со сила, беше залепена со двострана самолеплива и баш вечерта кога паркирав си реков да проверам дали е цврсто зашто врнеше...Сабајлето сестра ми ја нашла доле. Сега со штрафови ја средив.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4119 на: 02 Февруари 2013, 16:25:12 pm »
Фиестата...
И Пандата еднаш ја изгребаа ама само еднаш и тоа исто, од почеток до крај...
Ама Фиестава е лом... ако некогаш проаѓаш од кај нас подзастани и види... и двете страни, на совозачката два пати од почеток до крај + цела хауба...Ми се плаче...
А внимавам каде паркирам, никогаш не сум заглавил некој нит сум паркирал пред куќа на некој...
Пред некој ден некој ми ја искорнал таблицата со сила, беше залепена со двострана самолеплива и баш вечерта кога паркирав си реков да проверам дали е цврсто зашто врнеше...Сабајлето сестра ми ја нашла доле. Сега со штрафови ја средив.
Кога читам вака како се гребат коли ми иде да убијам некого, озбилно!! 2008 татко ми купи нов циторен (ц4). Доволно беше недела дена хаубата да ја изгребе некој сељак. Еве веќе скоро 5 години е, нема страна од каде што не е крвнички изгребана колата. Тоа ти е кога има љубоморни и луѓе без душа. Јас незнам каде ја паркираш колата, ама ц4ката е нон-стоп во центар па има секакви будали тука....

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4120 на: 02 Февруари 2013, 16:52:31 pm »
Денес бев со спаркот во вошфабрик на миење. Додека ја смукав забележав дека ми ка нема предната таблица. Ја барав во мијалната ама не ја најдов. Типот ми рече вечер да дојдам да виделе да не паднала во каналот. Па ќе одам.

Знае ли мекој колку пари ќе ме чини после да земам нови таблици? Има ли било шанса да добијам иста таква таблица каква што си имав? Ги мразам овие новиве, ме вадат од кожа :-(

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4121 на: 02 Февруари 2013, 16:54:46 pm »
Teшко. Едино да побараш трета таблица за приколка можеше порано. Незнам дали уште може.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4122 на: 02 Февруари 2013, 16:58:27 pm »
Колку чинат новиве геј таблици?

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 541
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4123 на: 02 Февруари 2013, 17:07:29 pm »
Мислам дека се 1.500 денари + нова сообраќајна + административни такси. Значи 2.000+ денари

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4124 на: 02 Февруари 2013, 17:11:36 pm »
Пу ја-з’к. НЕ ми е до парите, си ја сакам старата таблица. :(