Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2899060 пати)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #2430 на: 20 Септември 2012, 14:38:32 pm »
Не е потполно во право, делумно е. На пример автобус кога ќе даде жмигавец да се вклучи мораш да го пуштиш.

Само градски автобус кога трга од станица после собирање патници. Нема врска тоа со раскрсници, кружни текови, спореден пат и слично. А најмалку со камион на кружен тек.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 536
  • drive it like you stole it!
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #2431 на: 20 Септември 2012, 14:48:44 pm »
абе има закон со кој товарните возила се во предност... донесен е пред 1-2 години... и веке дискутиравме за ова еднаш... на кружен ток, на раскрсница без семафори а со знаци,  на приклучни патчиња кон главен пат, на префрлување од лента во лента и слични места каде што по правило и по знаење од она што сме го учеле за возачка, камионите, сите товарни возила (пикапи, комбиња и слично), автобуси и градежни машини ИМААТ ПРЕДНОСТ во однос на обичните возила...

го има во законот за сообраќај, ме мрзи да барам... така да ако си се звекнел у шлеперот, иако си имал предност, крив ке си бил...

Onak, колку нема логика ова, тоа чудо невидено. Според дејноста со која се занимаваш претпоставувам си  доста често позади волан. Го практикуваш ова што го пиша?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34291
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #2432 на: 20 Септември 2012, 14:52:43 pm »
Во законот пишува дека најголем авторитет има: полицаецот, па семафорот, па знакот, па првенството на минување. Од кај испадна тоа дека товарно возило имало предност на раскрсница ргулирана со знаци?

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #2433 на: 20 Септември 2012, 15:02:45 pm »
Онак пак го пишува истото као пред неколку месеци, очигледно е погрешно убеден во тоа.

Уште рано Сабајле еден сељак со искршен авотбус од меѓуселска линија некоја ми пресече пат, ќе се учукав за малку директно во него. Среќа не возев брзо. И уште застанува па вика јас имам предност а од спореден пат влева на главна улица....уште рано рано сија наполнив устата со гадости!

друже во право е возачот на СЕЛСКИОТ ИСКРШЕН АВТОБУС... и од споредна улица да излага ОН ИМА ПРЕДНОСТ... ова ти кажувам за да не се заебеш некад и негде... со измените на законот за сообраќај што настапија оваа година сите товарни возила и автобуси имаат предност во однос на другите возила во сообраќајот, меѓу кои и тоа дека иако излага на раскрсница од споредна улица или од спореден пат кој се приклучува на главен пат, он има предност.. ако ти возиш со 120 на автопат а он 80 и ти даде жмигавец дека се престројува треба да закочиш и да го пропуштиш. истото е и за на булевари и улици... на раскрсница на која се вкрстуваат улици со иста важност и по правило на првенство на минување имаш ти право прв да поминеш, тоа правило не бажи за автобуси и товарно возила, он има првенство да пројде прв па после сите други...
значи имаат предност во се и ако направиш сообраќајка со автобус или товарно возило ПОД ДЕФОЛТ крив си... може да те спаси само една рбаота, а тоа е ако возачот има пивнато нешто пошто во тие измени на законот има и закон со кој нема толеранција за алкохоле т.е. мора да биде со 0 промили...

под товарни возила се рачунаат и пикапи, комбиња и комбенца па дури се рачунаат и оние мијатури од товарни возила, како на пример чинквеченто со товарен гепек... во сообраќајна му пишува ТОВАРНО ВОЗИЛО и он има предност... предност имаат и циганиве со моторите на 3 тркала и сите трактори и мотокултиватори... па сега ти види си....

Прв пат слушам за законов. Може линк нешто, да се прочита.
Многу ме интересира дали е стварно така.

па друже, мислиш дека измислувам? законите кај нас се многу неверојатни ама па овој закон е европски закон а не само македонски... неможам да ти барам линкови, али имаш онлајн архива на закони за рм, отвори, побарај си и најди си... кога ме тангираа некои сообраќајни закони си барав и го најдов...




А ова за првенство, не е така како што вели Онак ;) Туку за сите важат истите правила, освен за автобус и возило кое врши јавен превоз на деца но само кога напушта автобуска станица (стојалиште), значи откако ќе ги натовари/истовари патниците има првенство и треба да го пропуштиме да се престрои или да се вклучи во лента. Во друг случај, НЕ.

Цитат
Член 21  
(1) Возачот на возилото што се движи покрај возило на јавен превоз на
патници или покрај автобус со кој се врши превоз за сопствени потреби, запрен
на стојалиште, е должен да се движи со намалена брзина, на начин да не ги
загрозува лицата кои влегуваат односно излегуваат од тоа возило.
(2) Лицата од ставот (1) на на овој член, кога заради излегување или по
излегување од возилото треба да поминат преку коловозот, должни се тоа да го
прават на начинот пропишан во членовите 120, 121 и 122 на овој закон.
(3) Возачот е должен да го запре своето возило зад возилата од ставот (1)
на овој член, кога лицата влегувајќи во тие возила односно излегувајќи од тие
возила треба да ја поминат сообраќајната лента и велосипедската патека или
лентата по која се движи возилото.
(4) Возачот на возилото што се движи зад возило со  кое се врши
организиран превоз на деца, како и возачот на возилото што на тоа возило му
доаѓа во пресрет на пат со две сообраќајни ленти, должен е да запре кога
возилото со кое организирано се превезуваат деца е  запрено на коловозот,
додека децата влегуваат или излегуваат од возилото.  
(5) Возилото со кое се врши организиран превоз на деца, задолжително
треба да исполнува посебни услови и да биде обележано со посебен знак, а за
време на влегување и излегување на децата од возилото, возачот е должен да
ги вклучи сите покажувачи на правецот на возилото.

И еве го членот за предност:
Цитат
6. Првенство на минување  
Член 42  
(1) На крстосница на патишта од иста важност или во пресрет со друго
возило, возачот е должен да го пропушти возилото што наидува од неговата
десна страна.
(2) Возачот на возило кој на крстосница свртува налево, е должен да го
пропушти возилото кое доаѓајќи од спротивната насока, на крстосницата го
задржува правецот на своето движење или свртува надесно, освен ако со
поставенот сообраќаен знак поинаку не е определено.
(3) По исклучок од одредбите на ставовите (1) и (2) на овој член, возилото
што се движи по шини има првенство на минување на крстосница или во
пресрет со друго возило, без оглед на тоа од која страна тоа му доаѓа, освен ако
со поставениот сообраќаен знак поинаку не е определено.
(4) Возачот кој со возило влегува на пат што со сообраќаен знак е
означен како пат со првенство на минување, е должен да ги пропушти сите
возила што се движат по тој пат.
(5) Возачот е должен да ги пропушти сите возила што се движат по патот
на кој влегува тој и кога не е означен со сообраќаен знак како пат со првенство
на минување, ако со возилото влегува од земјен пат  на патот со коловозна
постилка или ако на пат влегува од површина која не е наменета за динамичен
сообраќај.
(6) Возачот кој при свртувањето на возилото пресекува велосипедска
патека или лента, е должен да ги пропушти велосипедите, мопедите, лесните
трицикли, трициклите и лесните четирицикли што се движат по
велосипедската патека или лента.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34291
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #2434 на: 20 Септември 2012, 16:02:12 pm »
А ова ме вади од кожа секој ден:



Местата за паркинг се празни а стоката ги паркира своите возила на улицата. За да биде иронијата поголема покрај нив секој ден проаѓаат најмалку 30-тина полицајци и пајаци и никој ништо не им прави.

Банзаи има ли некој начин да ја тужам државата или полицијата што не си ја вршат својата должност?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #2435 на: 20 Септември 2012, 16:04:21 pm »
Абе даааа, ама тука е зонско паркисање, затоа е полесно да остаиш кола на улица :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #2436 на: 20 Септември 2012, 16:05:27 pm »
па ако мислиш дека ќе бидеш првиот што победил против државата, ќе се најде некој начин ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34291
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #2437 на: 20 Септември 2012, 16:06:58 pm »
Абе даааа, ама тука е зонско паркисање, затоа е полесно да остаиш кола на улица :)

Да де, испопаркирале службени коли или фолксвагеништа и аудија а несакаат 30 денари да платат зонско. Па поголема стока од тоа тешко дека постои.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #2438 на: 20 Септември 2012, 16:09:50 pm »
Сега една ситуација во која мене не ме изнервира, али тој во крајната десна дефинитивно мислам дека му се запали фитилот.
Идев накај работа сеа пред пола саат и кога вртиш од булевар климент охридски новиот на партизанска према ѓорче коа идеш и одма на првите семафори за пешаци што е, се запали црвено и јас бев во средната лента застанат, пред мене уште една кола. Во тие моменти, една типка со пежо 206 сино си застанува у крајна десна лента одма до почеток на семафорот, си пушта 4 жмигавци, си ја заклучува колата и у менувачница си влага, а тој од позади почна да и свири и тоа подолго, типкава му се врти и му одмавнува и си влага у менувачница и веке семафорот си се пали зелено и тој си остана само со свирката да свири хаххахаха да фатиш со некоја шипка од олово па да и кажеш убаво

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34291
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #2439 на: 20 Септември 2012, 16:11:45 pm »
Тоа мене секој ден ми се случува..... секој ебен ден.... Исто и кај мене во улица кога ми возат во спротивна насока па уште и ме тераат јас да се враќам рикверц демек ми било поблиску.....

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #2440 на: 20 Септември 2012, 17:03:12 pm »
Абе даааа, ама тука е зонско паркисање, затоа е полесно да остаиш кола на улица :)

Да де, испопаркирале службени коли или фолксвагеништа и аудија а несакаат 30 денари да платат зонско. Па поголема стока од тоа тешко дека постои.

A зошто да платам зонско паркирање? Доколку колата ми биде оштетена, никој не ми ја покрива штета...

И која е поентата на паркирање на место предвидено за тоа? Која е логиката? Ова у најмала рака го сфаќам како рекет!

Зошто од парите кои што досега ги давав за плаќање паркинг не направија катни гаражи, со камери, со чувар внатре, да знам дека сум ја оставил колата на сигурно, и доколку некоја стока ме опне со вратата, имам видео доказ да го тужам ...

Затоа и ја решив, кога сум во можност да паркирам на место кое нема да пречи во сообраќајот, да не плаќам паркинг, без оглед на тоа дали возам s600 или Yugo ...

Принципот е ист...

Сега една ситуација во која мене не ме изнервира, али тој во крајната десна дефинитивно мислам дека му се запали фитилот.
Идев накај работа сеа пред пола саат и кога вртиш од булевар климент охридски новиот на партизанска према ѓорче коа идеш и одма на првите семафори за пешаци што е, се запали црвено и јас бев во средната лента застанат, пред мене уште една кола. Во тие моменти, една типка со пежо 206 сино си застанува у крајна десна лента одма до почеток на семафорот, си пушта 4 жмигавци, си ја заклучува колата и у менувачница си влага, а тој од позади почна да и свири и тоа подолго, типкава му се врти и му одмавнува и си влага у менувачница и веке семафорот си се пали зелено и тој си остана само со свирката да свири хаххахаха да фатиш со некоја шипка од олово па да и кажеш убаво

За ваквите овци би донел закон да можеш слободно да излезеш од возило, и да ја оштетиш до оној степен дур не ти помине лутината ...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34291
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #2441 на: 20 Септември 2012, 17:05:38 pm »
И ти не си далеку од вистината......

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #2442 на: 20 Септември 2012, 18:11:50 pm »
поентата на зонско во дебар маало е за сите шо доагаат шема да тераат да не им го факаат местото на лугето шо живеат таму. шо убаво на сликава има народот празни места за пред врата да си ја остаи колата а не 3 саати да бара место за дома да си дојде

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #2443 на: 20 Септември 2012, 18:13:06 pm »
Сега една ситуација во која мене не ме изнервира, али тој во крајната десна дефинитивно мислам дека му се запали фитилот.
Идев накај работа сеа пред пола саат и кога вртиш од булевар климент охридски новиот на партизанска према ѓорче коа идеш и одма на првите семафори за пешаци што е, се запали црвено и јас бев во средната лента застанат, пред мене уште една кола. Во тие моменти, една типка со пежо 206 сино си застанува у крајна десна лента одма до почеток на семафорот, си пушта 4 жмигавци, си ја заклучува колата и у менувачница си влага, а тој од позади почна да и свири и тоа подолго, типкава му се врти и му одмавнува и си влага у менувачница и веке семафорот си се пали зелено и тој си остана само со свирката да свири хаххахаха да фатиш со некоја шипка од олово па да и кажеш убаво
За ваквите овци би донел закон да можеш слободно да излезеш од возило, и да ја оштетиш до оној степен дур не ти помине лутината ...
Да можеш да дејствуваш во крајна нужда, при што штетата која ќе и ја нанесеш да биде правопропорционална со степенот на истенчување на твоите нерви од нејзина страна :D
Ете го, го склопивме членот(ставот), сега уште да предложиме измена и дополнување на законот за безбедост во сообраќајот :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #2444 на: 20 Септември 2012, 18:18:59 pm »
Вејрон да возам, нема да пуштам порака во Скопје.