Си идам денес накај факултет околу 9 и нешто, нерасонет, подуспан, опуштен, и ме фаќа глупиот семафор кај пивара на црвено. Пред мене едно пикапче со ГВ таблици, се пали зелено пикапчево си трга ја по него, убацуем втора и ете ти го глупакот се укопуе на сред раскрсница пошто треба да сврти лево, а од другата страна од право имаше коли. Употреба на жмигавец дека ќе вртиш лево, на раскрсница каде што 95% од колите одат право не ти е потребен со цел да го збуниш тој позади и да те лупне. Среќа има малку простор да се заобиколи, па успеав на време да го заобиколам, пошто ако закочев јас, тој позади мене не веруем дека ќе закочеше. Си го испцув убаво тој со пикапчето и продужуем према саем ама од кај едносмерната тесна уличка(после пивара лево) и една легенда со гољф си вози низ тоа уличето и наеднаш на кочница скоро до застанувње и си се паркираше тука кај скутерите. Жмигавец исто така не беше потребен, пошто нели јас бев поучен од претходната ситуација да држам малку повеќе растојание.