За веќе преградени гаражи зборам. Нели стандардот бил 2.5 метри ширина, макар што и за тоа ќе проверам кога ќе имам време. Па ако мене ми е преградена 2.5 метри и ја паркирам соодветно така што нема да потрошам цел ден во склапање ретровизори и манверирање ќе ми останат 40cm до ѕид, т.е. 30 cm отвор од врата за да излезам. Тоа е мишн импосбил. А со маневри ќе имам 40cm што е мишн посибл со лупање на врата во преградата.
Е немам попаметна работа па цел живот ќе се замарам со лепење кола и склапање ретровизори и излагање со напињање и псуење затоа што ја лупам вратата од колата во преградата за да заштедам 1000 евра во животот. Едноставно ќе си купам гаража поширока за пола метар и решен проблем.
EDIT: Проверен стандард за паркинг место...
Службен весник на Р.М. бр. 142 од 27.10.2010 година, Член 59
(1) Површината за паркирање со пристап на едно патничко моторно возило со 4+1 седишта изнесува 25 - 35м2
(2) Најмало паркинг место за паркирање на патничко моторно возило со 4+1 седишта е со широчина од 2,50 м и должина 5м
(3) Минималната широчина на комуникацијата за пристап до паркинг место за паркирање под агол од 90’ изнесува 5,50м
(4) Минимални димензии за гаража за патничко моторно возило со 4+1 седишта е 3,00 м широчина и 6,00 м длабочина , сметајќи го просторот меѓу ѕидовите
Заклучоци:
1) Mестото кое го имам согласно стандардите на Р.М. е за две возила, а не за три бидејќи не е широко 7.5m туку 5.6m.
2) Затворената површина во која го паркираш возилото не е според стандардите на Р.М. за гаража бидејќи не е широко 3 и длабоко 6 метри.
3) Подземното паркиралиште кое го имаме во зградата е согласно стандардите на Р.М. и овозможува паркирање под агол од 90' од пристапната патека.