Аблендирањето го обожавам како начин на комуникација помеѓу 2 возачи во сообраќајот. Поготово кога некој пред мене ќе направи некоја глупост, па наместо свирка ќе пуштам само една бленда, онака, да знае дека не сум лут - само сум разочаран.
Инаку, земајќи го во предвид фактот дека не сум фан на нагазување на свирка освен во есктремни ситуации, аблендирање најчесто користам за кога ќе пуштам некој да се престрои, кога пуштам некој што сака да сврти на улица без првенство на минување а има колона возила позади него, а се почесто и кога ќе заспие некој на семафор на зелено.
Кога сме на тема што ме има изнервирано (добро, не ме изнервира баш, се враќав од убави работи и не бев расположен за нервози

), минатата Сабота околу 4:30 сабајлето застанувам на црвено на раскрсницата кај Меркур. Сам бев на цела улица, наместен на средната лента, и после некое време застанува позади мене сива А4ка, keep in mind дека има 2 ленти до мене слободни. Моментот чим светна жуто за тргање, дечкото позади мене нагазува на свирка, тргаме во исто време, ме престигнува во лева лента и го гледам на телефонот гледа и се смее ко зелен со тој во сувозачко, двајцата личеа на клошарчиња 20 годишни. Највероватно ме има на некој братучедски тикток сега, и Астрана ми е позната помеѓу нивниот круг на сличноумни љангари.
Нек се носи pungas у три лепе што глорифицира вакви понашања по улица и им е главен media outlet на младиве дечки да прават слични глупости по нашиве улици.