Во Прилеп загина моторџија поради лежечки кој го имаше само на едната страна од лентата поради тоа што градските власти работеле нешто тука и само асфалтирале без да го вратат лежечкиот во првобитна состојба.
Возач на автобус, навечер многу касно кога нема сообраќај тргнал да го избегнува лежечкиот во другата лента, арно ама од спротива дечко со брзински мотор стасал премногу брзо до автобусот (велеа дека 150тина возел) и директен судар. Дечкото на лице место. И двајцата криви ама едниот на другиот свет замина...
Затоа кога се прават некои решенија како лежечки, треба добро да се осмислат и да се одржуваат, а не само да се фати тендер. На водно мислам така беше, направен ама малку откорнат и сите го избегнуваат во другата лента и така може да се направи беља.