Ме изнервира катниот паркинг кај Буњаковец.
Се паркирав во 8:30, делуваше културно, по 2 часа станало џунгла.
20 минути не можев да излезам.
Да си бил со и10-чето одма ќе си излезел 
Откако се паркирав, се паркирал еден на 10см до врата па морав од совозачка да влезам, не оти беше пошироко и од таа страна.
Се испопаркирале и на средина па удрив 20 маневри за да излезам.
Таман излегов и тргнав кон излез, една со џип кон мене. Триста маневри направи за да ми ослободи да поминам.
Се разминувам со неа и повторно морав напред назад за да фатам некако лак за во десно.
Токму во тој момент се искачи еден и сврте лево накај мене.
Се врати во рикверц кон другата платформа за да можам да се спуштам по рампата надоле. Патем Рампата на едната страна (лента) беше пополнета со паркирани коли.
Откако тој што се врати и едвај ми ослободи место бидејки не можеше од други паркирани коли, уште еден се искачи на платформата и се заглавивме сите, и таа со џипот не може да мрдне од мене, јас ни напред ни назад, клинч.
Тој последниот мораше да се враќа наназад по рампата до доле, па и доле компликации од паркирани коли.
Повеќе ни на сон нема да се паркирам таму.
Да, со i10 ќе беше полесно поради малата должина и помало меѓуоскино растојание, но сепак, во таа ситуација и со точак ќе имав маки
