Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 3275904 пати)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6039
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19080 на: 21 Февруари 2019, 22:10:32 pm »
Прочитај на кајгана,има сваштарии.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1924
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19081 на: 21 Февруари 2019, 22:13:04 pm »
Deckovo zaminal da duva sam i otkako se razbralo deka go nema, negov drugar so koj sto duvale zaedno odma posol da go pobara tamu kaj sto odele najcesto za da duvaat. Koga posol tamu go videl padnat od nekoja karpa. Muabetov e od nivna drugarka i e vistina, demek.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19082 на: 21 Февруари 2019, 22:35:18 pm »
лоша роба ? од трева тешко да имал халуцинации па да се фрлил. тоа од халуциогениве се бркаат со вампири и се фрлаат. 

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4087
  • MadaFunker
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19083 на: 22 Февруари 2019, 01:36:39 am »
Да бе, секој втор ден одат да дуваат и ги снемува луѓево...кој во Вардар, кој во ендек..лоша роба до тоа е..
New blood of old school

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22281
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19084 на: 22 Февруари 2019, 09:33:25 am »
Aj едно резиме ако може...

Годинава речиси секој ден исчезнува по еден човек

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, кој вчера беше пријавен за исчезнат, ја вознемири јавноста. Коментарите во јавноста се дека состојбата е алармантна и се упатуваат повици до Министерството за внатрешни работи да преземе конретни чекори за да ги открие причините како и зошто сè почесто исчезнуваат луѓе. За еден месец од почетокот на 2019 година до почетокот на февруари, во Министерството за внатрешни работи 24 лица биле пријавени за исчезнати, од кои пронајдени се 20, а по четири лица сè уште се трага. На социјалните мрежи постојано се споделуваат фотографии од исчезнати лица, а семејствата бараат помош од сограѓаните за да се пронајдат нивните блиски.

Според податоците што „Макфакс“ ги доби од МВР, во 2017 година за исчезнати биле пријавени 217 лица, а бројот се зголемил во 2018 година кога полицијата трагала по 246 лица. МВР не даде информации колку лица биле пронајдени живи, а колку мртви, но и за тоа која била причината за нивното исчезнување.

Освен Атанасовски, кого полицијата го пронајде мртов во бездна во Нерези, вчера за исчезната беше пријавена и 62-годишна жена од Ѓорче Петров. Претходно, со денови се трагаше по 39-годишната медицинска сестра Даниела Пецевска, мајка на три деца, која пред четири дена беше пронајдена мртва во водите на Вардар.

омош и информации од јавноста и МВР веќе 73 дена, или два и пол месеца, колку што се трага по нејзиниот син, бара Маја Трпковска, мајка на исчезнатиот 26-годишен Пинета Секондо. Трпковска за „Макфакс“ вели дека е разочарана од МВР оти досега нема никакви информации за истрагата, а инспекторите ѝ се развикале на телефон. Таа вели: „Јас ним им давам информации, а не тие мене“.

„Потресена сум. Додека го барам моето дете, јас ги барам и другите исчезнати. Последно се слушнав со ќерката на Алибен Абдул, кој е исчезнат. Секое крпче што ќе го најдам, јас гледам дали може да биде од моето дете или од другите луѓе. Премногу револтирана и разочарана од МВР и Секоторот за исчезнати лица. Јас како мајка сакам да се јавам и да ми дадат информација, а тие ми го блокираа телефонот за да не ги барам. Инспекторите ми викаат на телефон. Дете бараме, не бараме маче. Јас ним им давам информации, тие мене не. Затоа сум револтирана. По 73 дена, јас одам по гатачи, луѓе со божја сила, за да ми кажат еден збор. МВР не ми одговора. Не знам веќе кого да барам“, вели мајката на Пинета, Маја Трпковска.

Исчезнат веќе 21 дена е и Алибен Абдул, кој последен пат е виден на почетокот на овој месец, а ќерка му очајно моли за каква било информација за да го пронајде татка си. Таа вели дека во периодот од кога исчезнал татко ѝ, контакт со инспекторите имала само двапати.

„Контактот со МВР е сведен тие да ни се јават кога ќе имаат трага, знак, клучен момент. Досега ни се јавиле само два пати во овие 21 ден. Од наша страна се правени известувања доколку имаме дојави, да ги известуваме. Во меѓувреме немаме секојдневен контакт. Не знам колку од работата им е покриена, какви докази и информации собрале бидејќи, кога ќе ги прашаме, велат дека поделена им е работата со колегите и не даваат информација. Не знам што провериле, што направиле. Не знам каква заднина има во случајот со татко ми бидејќи тој од дома е излезен без лична карта, телефон, документи“, вели Мелиса Абдул, ќерка на исчезнатиот Алибен Абдул.

Според податоците што „Макфакс“ ги доби од МВР, во 2015 година биле исчезнати 297 лица, од кои 284 се пронајдени. Во 2016 година пријавени се 230 лица, од кои пронајдени се 210, а активни потерници има за 20 лица. Една година потоа бројот на исчезнати се намалил на 217 лица, а МВР успеало да пронајде 183 од нив, а се бараат 34 лица. Во 2018 година се зголемил бројот на 246 исчезнати лица, полицијата пронашла 204, а активни потерници има за 42 лица.

За идниот понеделник пред Собранието ќе се организира мирен протест со слоган „Што се случува во Македонија“ од страна на мајката на исчезнатиот Пинета Секондо и неговите другари. Преку протестот ќе се побараатг ажурност од институциите и одговори за исчезнатите лица.

https://makfax.com.mk/top/%D1%80%D0%B5%D1%87%D0%B8%D1%81%D0%B8-%D1%81%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D1%98-%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%B8%D1%81%D1%87%D0%B5%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%82/?fbclid=IwAR2Y5Pt7lkDDFMSxfl2yWSmCnaQhX2ms78-8UyFfOPzYqQy--ECRpPE1Dqw

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4776
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19085 на: 22 Февруари 2019, 10:06:47 am »
А пронајдениве? Живи, мртви, киднапирани, избегани од дома заради насилство, ментално болни/нестабилни? Вака само бројки ништо не значат.

Знаеме дека владее општа депресија во МК заради лошата ситуација на државава, сиромаштија, несигурна иднина, невработеност, загаденост, квалитет на живот, нефункционално здравство, несовесни/неспособни доктори (ме боли раката, ништо не ти е, од стрес ти е, за да се опуштиш 2 диазепами дневно и бруфен по потреба ќе си пиеш, повели рецепт....ова му се случи на најдобриот ми другар, 2 години се мачеше по доктори/болници/снимање и се кљукаше со аналгетици и мускулни релаксатори, се додека еден локален киропрактичар со масажа му го ослободи нервот кој бил потфатен меѓу вратни пршлени)....итн итн.

Немајќи излез/спас гледаме дека се повеќе луѓе се решаваат на самоубиство или се предаваат на злоупотреба на психотропни супстанции (алкохол, лесни и тешки, легални и илегални опијати), ама не знаеме дали ги снемало заради тоа, ова е само претпоставка.

Најубаво МВР да искочат со транспарентно образложение на што се должат исчезнувањата најчесто, колку да замачкаат очи на јавноста. Да не се крева паника дека секој месец им вадат бубрези на луѓе или се крадат деца за проституција. Или ќе продолжиме да си ќутиме за да се прикрие депресивната пандемија, битно да се трошат повеќе диазепамчиња и хелексчиња нели?

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22281
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19086 на: 22 Февруари 2019, 10:18:03 am »
Убаво доловено, поготово во последниов пасус.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5729
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19087 на: 22 Февруари 2019, 10:21:14 am »
КОЈ ке излезе да каже 90% се семкари вработени, роднини и партски, нема експерт, ене имаше оглас за разузнавање се бараше минимум 10 години искуство, се пријавил човек со 20, не го избрале...бара на увид кого избрале, не даваат, а според него тој и уште еден само ги исполнуваат условите... го имаше на тв...се отиде у qrac

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19088 на: 22 Февруари 2019, 10:25:25 am »
Целосно ги демантираме лагите и измислиците што неодговорни поединци ги шират по социјалните мрежи со цел да предизвикаат паника кај граѓаните. МВР ја гарантира безбедноста на граѓаните! Апсолутна лага е дека имало некакво вадење на органи или некакви слични дезинформации. Апелираме до медиумите и јавноста да се повикуваат на официјалните податоци на институциите и да се воздржат од шпекулации што можат да ја вознемират јавноста. Статистичките податоци покажуваат дека не постои тренд на пораст во исчезнувањата, и дека во континуитет во последниве пет години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94% . Апелираме уште еднаш за воздржување од шпекулации кои неосновано ја вознемируваат јавноста.За оние пак кои со очигледна намера ја вознемируваат јавноста, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законите.-цитат од статус на мвр

А и кога ќе најдат некого мртов, сеедно дали е со или без бубрези...

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5383
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19089 на: 22 Февруари 2019, 10:32:18 am »
А пронајдениве? Живи, мртви, киднапирани, избегани од дома заради насилство, ментално болни/нестабилни? Вака само бројки ништо не значат.

Знаеме дека владее општа депресија во МК заради лошата ситуација на државава, сиромаштија, несигурна иднина, невработеност, загаденост, квалитет на живот, нефункционално здравство, несовесни/неспособни доктори (ме боли раката, ништо не ти е, од стрес ти е, за да се опуштиш 2 диазепами дневно и бруфен по потреба ќе си пиеш, повели рецепт....ова му се случи на најдобриот ми другар, 2 години се мачеше по доктори/болници/снимање и се кљукаше со аналгетици и мускулни релаксатори, се додека еден локален киропрактичар со масажа му го ослободи нервот кој бил потфатен меѓу вратни пршлени)....итн итн.

Немајќи излез/спас гледаме дека се повеќе луѓе се решаваат на самоубиство или се предаваат на злоупотреба на психотропни супстанции (алкохол, лесни и тешки, легални и илегални опијати), ама не знаеме дали ги снемало заради тоа, ова е само претпоставка.

Најубаво МВР да искочат со транспарентно образложение на што се должат исчезнувањата најчесто, колку да замачкаат очи на јавноста. Да не се крева паника дека секој месец им вадат бубрези на луѓе или се крадат деца за проституција. Или ќе продолжиме да си ќутиме за да се прикрие депресивната пандемија, битно да се трошат повеќе диазепамчиња и хелексчиња нели?
Дај некој контакт од киропрактирачот. Било број, име нешто на студио било што. Фала

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4776
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19090 на: 22 Февруари 2019, 10:35:58 am »

https://www.facebook.com/davor.masaza повели.
Јас не сум бил кај него (не сум имал потреба фала богу) ама девојка ми беше за кичмата и се врати задоволна, се надевам од масажата :D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19091 на: 22 Февруари 2019, 11:00:47 am »
Според статистиката под последните 4 години, видно е дека нема некои огромни осцилации во бројот на исчезнати и најдени. Според моменталната паника на фб, човек ќе помисли дека до лани исчезнувале по 50 луѓе годишно, а сега има 250. Уште па и некои ФБ експерти анализи праат што се можело да биде, па оружје да сме носеле со себе. Антиваксери стануваат експерти за криминалистика.

Иначе се согласувам дека потребни се многу повеќе информации од МВР околу овој проблем, а за да не се остава простор за стварање непотребна паника, како и превентивно да се делува ако може (депресија, семејно насилство, дрога, органи или што и да се причините).
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19092 на: 22 Февруари 2019, 11:36:42 am »
Демек да си се навикниме секој ден по некој да кинат... Ок е тоа, пошто и лани било така.

Отсутен s1n1sa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 462
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19093 на: 22 Февруари 2019, 11:41:16 am »
200 луѓе во МК ти доаѓа на 0.05 проценти треба да се види и во другите држави како е
Hyundai Elantra 6th G

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3153
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19094 на: 22 Февруари 2019, 11:48:43 am »
И јас го читав постот на еден дечко на ФБ кај што се јавуваат разни девојки/жени со муабет ме "прашуваше еден за кобилен, него го следеше сива/црна кола".

Не знам што да мислам но знам дека кога се крева масовна паника некој и по грешка ќе наебе, стварно да му снема кредит/батерија и да праша/замоли за помош ќе го изеде за сите не(вистински) чудни случки...

Теоријата е дека им ги зимаат мобилните за да не може полиција да го триангулира сигналот и ја пакуваат жената во кола...