Пријавено е секаде, нема фајде.
Нешто сум побркан цел Јануари и немам време, да растеретам малку и се пепел ќе направам.
Ќе почнам од лична средба со градоначалникот и предлог да ме вработи како волеј шутер на цајкани. После тоа еден претпоставен шизик во полицијата кој ми обеќаше дека по изборите се ќе се среди. После со внатрешна контрола и архивирани писмени барања.
Цели 6 месеца му требаше да го спроведат барањето и дса ми го тргнат едносмерниот знак од улицата пред куќа. Сум го пепел праел инспекторот 5 пати во неговата канцеларија, на плоштад кога ќе ме видеше, на друга страна се вртеше. Му кажав дека ќе го дадам на второстепена и на управен суд, помина време ама го тргна знакот.
Знакот беше ставен по желба на шизик од собрание кој се испостави дека сега попи кривична пријава за наточени 6000 евра гориво од службената Верна картица за приватни потреби.
Телефонот ми беше преполн со слики од стока.
Мобилниот на 192 напамет ми го знаеа па ме дупеа на телефон. Се ќе им наплатам, само да подсредам некои лични работи.
Простете сограѓани ама кочина е Кавадарци.
Се надевам ќе се оправи барем 30-40% колку да се може да се мине а да не се нервираш од тоа што го гледаш.