кај Американска амбасада, околу пладне, јас доаѓам од кај Кале накај Чаршија, знак пред раскрсницата дека сум на пат со првенство на минување, си возам оклу 50-60, еден батка од семафорите со пластичарска ми улетува „ко да го ослободил СКопје“, што би рекол DayWalker, мислам дека не ме ни исперцепира.
Сета среќа што баш пред амбасада е малку поширок коловозот, па имав простор да го „заобиколам“ од десно, со претходно квичење гуми. Кога видов дека на задно седиште седи и дете, несоодветно обезбедено... продолжив бавно, а човеков изгледа ми ја сфати намерата и продолжи уште побавно, а бидејќи немав време за објаснувања, си продолжив.