Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2633777 пати)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11742
  • Архитект
Цитат
Овие стандарди се од времето на Тито така? Кога колите беа Југо и Фичо :)

Незнам, мислам дека Тито не живеел во Германија во 2003 год.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Во Зебра на пример има исцртано три места, а местото може да прими 2 коли, евентуално и моторче меѓу столбовите. Три собира ако се мали и напикани едно до друго - што сигурно не е предвидено во еден нормален проект.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11742
  • Архитект
Не е крив осмица, така си е законски, верувам :) Али нелогично е сеуште да се истите димензии, кога еден куп коли се над тие димензии.

Така да кој цртал така, паметно и логично цртал.

90% од возилата во европа влегуваат во тие граници нормално. Сите што се над тоа се подолги, не се пошироки. Подолгите исто така не прават некој проблем.
А тие што избегуваат скроз од овие димензии гарант не паркираат во зграда со други 50 коли на комшиите, туку имаат нивни приватни греени гаражи.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Гледај и простор за нормално отварање на врата, иначе нормално дека ќе ги собере во ширина.

А што се накоитја еден куп СУВ возила со огромни димензии, тоа е друго прашање.

Иначе какви подземни паркинзи по новиве згради сум гледал, смешки живи. Дали 10% се како треба и вредат за парите. Се само стубови и место за веспи, или излагање од гаража со маневрирање од пола саат. Секако нагибот на уздолницата не го коментирам, Акордот ми фаќа на пола и повеќе.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11742
  • Архитект
Гледај и простор за нормално отварање на врата, иначе нормално дека ќе ги собере во ширина.

А што се накоитја еден куп СУВ возила со огромни димензии, тоа е друго прашање.

Иначе какви подземни паркинзи по новиве згради сум гледал, смешки живи. Дали 10% се како треба и вредат за парите. Се само стубови и место за веспи, или излагање од гаража со маневрирање од пола саат. Секако нагибот на уздолницата не го коментирам, Акордот ми фаќа на пола и повеќе.

Остај. Не спомнувај како се гради и што се гради. Ми иди такси да возам, место да работам по струка....

Иначе во 2.5 м ширина, тамам си собира било која кола, врата да отвори. Рачунај дека која отвораш вратата на тој до тебе, не му е и него отворена. Така да има некој ~70 см  простор. Шо е доволно било која кола да ја сместиш.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Ми иди такси да возам, место да работам по струка....
Ја мислам тоа највише ќе ти прилега  ;D

No offense :D Се смеиме  ;D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Да, ама ако го преградам просторот нема да има 70cm простор. Што се однесува до просторот кој го имам, мислам дека е идеално широк, а еден метар во длабочина е непотребен ако станува збор само за паркинг простор. Но јас имам малку поинакви планови, во кои токму тој метар идално се поклопува.

Што се однесува до подземниот паркинг, направен е по највисоки стандарди. Висината е минимум 2.6m каде што има напречни столбови,  во внатрешноста на паркинг местата е 2.8m. Патеката за движење на возила е широка 5,6 метри, така што на паркинг местото секогаш влегувам од прва. Има вентилација по пропис и можност за форсирана вентилација со вентилатори. Пластифициран под(или како и да се вика оној спеицјалниот премаз за подземни гаражи), сензорски осветлена, опколена со хидро изолација, измалтерисана и искречена. Со други зборови, колку пари толку музика.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11742
  • Архитект
Не смееш да го преградиш. Мислам ако го преградиш ќе треба да плаќаш нешто комуналии.

А ако во случајот ти е преграден тој простор, тогаш ќе ја залепиш колата од десно и ќе имаш простор да си излезиш на раат.
Сите коли се 1.8 широки. Во простор од 2,5 останува уште 70 см. Вратата има должина од 80 - 100см, кога е комплетно отворена. Така да има простор тамам.

Мојата гаража што ја имам мислам дека е потесна од 2.5. А е лимена. Колата е ептен кнап скроз. Излегувам со врата подотворена малку. Тоа е тамам.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11742
  • Архитект
Ми иди такси да возам, место да работам по струка....
Ја мислам тоа највише ќе ти прилега  ;D

No offense :D Се смеиме  ;D

Нема смеење, тоа не е случајно избрано. Мислено е со што да се занимавам. Таксист ми е најдобра замена.... ;D ;D ;D
Со еден колега заедно ќе си возиме и тој истото мислење го дели.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Ако ја залепиш колата, е далеку од 0цм од ѕидот. Ако ја залепиш на 10цм = БРАВОС, ама и 20 цм е лепење до ѕидот и тоа мнооооогу блиску! Значи лепење до ѕид е околу 30цм од колата. Да е залепена за ѕид значи зборам. Само ретровизорите се 15-20цм.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11742
  • Архитект
Ретровизорите се поклопуваат  ;)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
За веќе преградени гаражи зборам. Нели стандардот бил 2.5 метри ширина, макар што и за тоа ќе проверам кога ќе имам време. Па ако мене ми е преградена 2.5 метри и ја паркирам соодветно така што нема да потрошам цел ден во склапање ретровизори и манверирање ќе ми останат 40cm до ѕид, т.е. 30 cm отвор од врата за да излезам. Тоа е мишн импосбил. А со маневри ќе имам 40cm што е мишн посибл со лупање на врата во преградата.

Е немам попаметна работа па цел живот ќе се замарам со лепење кола и склапање ретровизори и излагање со напињање и псуење затоа што ја лупам вратата од колата во преградата за да заштедам 1000 евра во животот. Едноставно ќе си купам гаража поширока за пола метар и решен проблем.


EDIT: Проверен стандард за паркинг место...
Службен весник на Р.М. бр. 142 од 27.10.2010 година, Член 59
(1) Површината за паркирање со пристап на едно патничко моторно возило со 4+1 седишта изнесува 25 - 35м2
(2) Најмало паркинг место за паркирање на патничко моторно возило со 4+1 седишта е со широчина од 2,50 м и должина 5м
(3) Минималната широчина на комуникацијата за пристап до паркинг место за паркирање под агол од 90’ изнесува 5,50м
(4) Минимални димензии за гаража за патничко моторно возило со 4+1 седишта е 3,00 м широчина и 6,00 м длабочина , сметајќи го просторот меѓу ѕидовите

Заклучоци:
1) Mестото кое го имам согласно стандардите на Р.М. е за две возила, а не за три бидејќи не е широко 7.5m туку 5.6m.
2) Затворената површина во која го паркираш возилото не е според стандардите на Р.М. за гаража бидејќи не е широко 3 и длабоко 6 метри.
3) Подземното паркиралиште кое го имаме во зградата е согласно стандардите на Р.М. и овозможува паркирање под агол од 90' од пристапната патека.
« Последно менување: 26 Март 2012, 17:59:45 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!


Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Transformers od pozadi otidoa ;D
Inace se na se okolu parkiranjeto ako site se parkiraat kako sto treba ke ima dovolno mesto za site eve kaj mene na rabota ima parking ptedviden za 2 koli a komotno moze da se psrkiraat 3 koli pa duri i 4 ama ke nema mesto za otvaranje vrata a imam legenda tuka so 107mica sto zafakja 2 mesta sekogas koga e se slobodno i zatoa ne moze da se iskoci na kraj.
A podzemni garazi si ima zgradava ama ne im se davaat pari na stanarite.