Вечерва на враќање од Битола према Охрид, на правецот према Макпетрол бензиската, заслепени од возилото од спротивен правец, наеднаш пред нас на сред лента исправена раткапна онака потпрена на нешто. Во брзината баш и не се познаваше дека е раткапна, притиска брат ми на сопирачка, и на 10 метри од раткапната камион "паркиран" со пола задница на пат. Едвај го избегнавме. И застанавме да видиме што се дешава, излегува шоферов од камионов, му викам абе стави трокут ништо не се гледа во тебе ке се набиевме. И батето ни вика .. - Немав трокут, незнаев што да ставам па ја ставив раткапната .. Добро бе нормален ли си му викам јас ? За нареден пат, некое дрво поголемо стави, тоа поубаво се гледа или некој камен поголем. За такви само палка во кола носење, ама и то не е работа ке треба како За човек да одговараш.