Абе даааа, ама тука е зонско паркисање, затоа е полесно да остаиш кола на улица 
Да де, испопаркирале службени коли или фолксвагеништа и аудија а несакаат 30 денари да платат зонско. Па поголема стока од тоа тешко дека постои.
A зошто да платам зонско паркирање? Доколку колата ми биде оштетена, никој не ми ја покрива штета...
И која е поентата на паркирање на место предвидено за тоа? Која е логиката? Ова у најмала рака го сфаќам како рекет!
Зошто од парите кои што досега ги давав за плаќање паркинг не направија катни гаражи, со камери, со чувар внатре, да знам дека сум ја оставил колата на сигурно, и доколку некоја стока ме опне со вратата, имам видео доказ да го тужам ...
Затоа и ја решив, кога сум во можност да паркирам на место кое нема да пречи во сообраќајот, да не плаќам паркинг, без оглед на тоа дали возам s600 или Yugo ...
Принципот е ист...
Сега една ситуација во која мене не ме изнервира, али тој во крајната десна дефинитивно мислам дека му се запали фитилот.
Идев накај работа сеа пред пола саат и кога вртиш од булевар климент охридски новиот на партизанска према ѓорче коа идеш и одма на првите семафори за пешаци што е, се запали црвено и јас бев во средната лента застанат, пред мене уште една кола. Во тие моменти, една типка со пежо 206 сино си застанува у крајна десна лента одма до почеток на семафорот, си пушта 4 жмигавци, си ја заклучува колата и у менувачница си влага, а тој од позади почна да и свири и тоа подолго, типкава му се врти и му одмавнува и си влага у менувачница и веке семафорот си се пали зелено и тој си остана само со свирката да свири хаххахаха да фатиш со некоја шипка од олово па да и кажеш убаво
За ваквите овци би донел закон да можеш слободно да излезеш од возило, и да ја оштетиш до оној степен дур не ти помине лутината ...