Тие што го возат често Плетвар, насока кон Скопје, знаат дека на почеток од трите ленти има исклучување лево за с. Ореовец што не треба во никој случај да биде дозволено.
Го поминувам Ленишки мост, си качувам нагоре и престигнувам на средна лента при што возач реши дека треба да си застане тука и да си чека за да се исклучи на локалниот пат. Па ајде кочи, намалувај брзина, врати се во десна лента, па пак земај залет.