Стави датум од наредниот ден и би требало да помине.
Ќе помине наредниот ден, ама мене денес ми требаат пари, не наредниот ден. Истото ми го кажаа од банката...фала ептен!
Башка што има ова врска со све што наведовте: книжење, валути, курсеви? Во конкретниов случај станува збор за НАЈЕДНОСТАВЕН пренос на средства со иста валута и двете сметки се на истото лице, во истата банка. Нема трошоци, наплати, курсеви, пресметки, даноци, услуги, камати....ништо нема! Префрлаш 1000ден од една сметка на друга, толку, ни денар не се наплаќа....не разбирам што има тука да се пресметува и книжи.
Дури и дечкото од корисничка поддршка се зачуди: "Па би требало ова да проаѓа, нема логика вака."
Треба да чекам тетка Лиле да пресмета на дигитрон колку останале на едната сметка а колку се префрлиле на другата? Не може сам системот да пресмета?
За поглуп систем не сум слушнал! Да не го гасат серверот кога си идат дома у 5?